Facebook тестира Follow копче за страниците

Откако пред околу една година Facebook го замени Subscribe копчето на профилите со Follow, од денес истото тоа копче го воведува и за Facebook страниците. Според откриените фотографии, изгледа дека Follow копчето ќе служи за да ги следете новостите од одредена страница без да кликнете Like, бидејќи двете копчиња се присутни едно до друго.

Во изјава за The Next Web, Facebook вели дека се работи за функција која е достапна само кај неколку корисници и сè уште ја тестираат. Според информациите објавени на TNW, најверојатно двете копчиња ќе имаат сосема различна намена. Like копчето ќе биде наменето доколку ви се допаѓа некој филм, страница или продукт, а притоа не сакате да ги следете новостите од таа страница. Додека со Follow копчето се согласувате објавите на страница да се прикажуваат на вашиот фид со новости.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk