Кога телефоните, лаптопите и конзолите ќе здосадат, можете да се вратите на традиционалните семејни игри и да одиграте БИНГО.
Што е бинго?
Бинго е популарна семејна и образовна игра каде еден покажува карти со најразлични бројки, букви, зборови или слики од различни категории, а останатите играчи го пречкртуваат кажаното, доколку го имаат на нивната карта. Победува првиот што ќе ги пречкрта сите работи на картата и вресне БИНГО.Почетоците на бингото датираат уште од 16 век. По првпат се има појавено околу 1530 година, во Италија, како нова форма на лотарија. Но, многумина сметаат дека играта е одлична или за семејна забава или од образовен карактер, како, на пример во училишта и кога се обработува нова тема со учениците.
Сајтот кој ви го препорачуваме, ви дозволува на брз и ефикасен начин да спремите за печатење најразлични карти за учесници (околку колку што ви треба), како и сите слики за покажување.

Сајтот ни се допаѓа затоа што ви дозволува да правите картички 3х3, 4х4, 5х5, со броеви или со симпатични слики кои припаѓаат на најразлични теми. Откако ќе го одберете форматот, одете на Next Step – Choose Theme за да изберете тема како Pokemon инспирирано бинго, или пак бинго за облека, Велигден, Нова Година, облици и ред други работи. Штом изберете тема, следниот чекор е да се одлучите дали да се подготват картите за печатење во боја или да се црно-бели, па потоа да изберете дали да се слики или пак да биде мешавина од слики и зборови (како што напоменавме, ваквото нешто има огромна образовна вредност при работа со помладите ученици кои, на пример, учат англиски јазик).
Завршниот допир е да испечатите картичка така што ќе одите на Print a Bingo Card. Од тука, можете да си ја копирате и префрлите картата, а ако кликнете Refresh, ќе добиете нова карта со нови слики.

Print Call Out Sheet ви дозволува да ги подготвите за печатење сите слики од бингото за да подоцна ги искроите и покажувате на учесниците.
Да, поразлично е од игра на телефон, но во вистински услови и со вистински луѓе може да биде ем забавно ем информативно. :)
DLTK-KIDS не е само сајт за БИНГО!
Сајтот кој ви го препорачуваме денес не е само за правење бинго. Од линковите на левата страна лесно можете за дечињата да направите интересни:– Календари
– Сертификати
– Купони
– Картички за честитање или за тестирање меморија
– Пофалници
Процедурата за изготвување е доста слична на начинот за правење бинго картички







