Бајден ги ограничи американските инвестиции во неколку технолошки сектори во Кина

Изминатиов месец претседателот Џо Бајден потпиша извршна наредба со која ќе забрани или регулира некои нови американски инвестиции во критични технолошки сектори во Кина. Наредбата конкретно ги таргетира сензетивните технолошки области како што се компјутерски чипови и микро-електроника, квантнтни информатички технологии и вештачка интелигенција. Со оваа одлука, министерот за финансии на САД има овластување да ги забрани или регулира американските технолошки инвестиции во Кина. 

Од администрацијата изјавија дека се поставени ограничувања за одредени сегменти во претходно споменатите три области, но без точни детали. Предлогот во моментов е отворен за информации од јавноста. 

Од Белата Куќа одбија да дадат коментар на оваа одлука. Сепак, официјалните лица од администрацијата на Бајден нагласија дека инвестициските ограничувања ќе бидат конкретно фокусирани на ограничен број сектори кои потенцијално би можеле да помогнат и на кинеската војска, разузнавање, надзор и сајбер можности. Дополнително, тие тврдат дека целта на оваа одлука е заштита на националната безбедност на САД, а не нанесување штета на кинеската економија. 

„Постојат сè повеќе докази дека американскиот капитал се користи за унапредување на кинеските воени капацитети и дека на САД им недостасуваат доволно средства за борба против оваа активност.” изјави Емили Бенсон, директор на проектот за трговија и технологија во Центарот за стратешки и меѓународни студии, тинк-тенк од Вашингтон 

„Предолго, американските фондови ненамерно придонесуваа за растот на кинеската војска. Денес, Соединетите држави преземаат клучен почетен чекор за да се осигураат дека американските инвестиции ненамерно не финансираат Кинескиот воен напредок“. Изјави Чак Шумер, лидер на Сенатот 

Од друга страна пак, републиканците изразија незадоволство, тврдејќи дека оваа одлука нема да влијае доволно. 

Image by kjpargeter on Freepik

Дали оваа одлука ќе влијае на одностите помеѓу двете најголеми светски економии или не? Земајќи во предвид дека кинеската влада веќе долго време има поставено ограничувања на одредени странски инвестиции од фирми и поединци. Други влади, како оние на Јужна Кореја и Тајван, исто така имаат поставено слични ограничувања. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk