0 коментари 3 мин. читање 30 октомври, 2024

SINce Memories: Off the Starry Sky нуди долга, но неинтересна приказна

SINce Memories: Off the Starry Sky е една од оние исклучително долги визуелни романи кои беа популарни пред дваесетина години. Се работи за роман кој припаѓа на Memories: Off серијалот. Овој серијал не е премногу познат во овој крај, но излегува во Јапонија добри 25 години. Но, дали SINce Memories: Off the Starry Sky е добар визуелен роман или пак не е лошо да целосно да се заобиколи?

SINce Memories: Off the Starry Sky е роман кој влече многу од претходните романи од серијалот. Некои работи и дејства кои се случуваат нема да можете целосно да ги разберете, особено ако не сте интимно запознаени со одредени случки од претходните романи. Проблем со ова е тоа што SINce Memories: Off the Starry Sky е првиот визуелен роман кој е прилагоден на англиски јазик, а и нема некаква волонтерска локализација за претходните игри.

Како и да е, приказната го следи патешествието на Џунуа, студент кој покрај тоа што мора да излезе на крај со бројни испити, потребно е и правилно да се справи со смртта на неговиот брат. Но, желбата да помогне на сите околу него, само го втурнува во уште проблематични ситуации од кои нема да знае како да излезе.

За брзо време, SINce Memories: Off the Starry Sky открива бројни интересни ликови и сервира киломентри и километри текст. Преводот е солиден, но се забележуваат одредени конструкции и зборови кои не би се употребиле во разговорен англиски. Надвор од ова, цртежите знаат да бидат статични и неинспиративни, со повремено трепкање на очите и менување на формата на устите. Ова не е премногу лошо кога цртежите почесто би се менувале, но со долги монолози и наративни излагања, сцените, колку и да се убави, знаат да здосадат.

SINce Memories: Off the Starry Sky не е премногу лош роман, но се препорачува доколку, од некоја причина, сте фанови на овој серијал или пак имате време за долга авантура во која донесувате значајни одлуки кои ја менуваат приказната. За пофалба е и тоа што гласовите се позајмуваат од квалитетни јапонски актери, а на музичката подлога има работено Такеши Або, најдобро познато по Steins;Gate и Chaos;Head.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: MAGES. Inc.
  • ИздаваPQube
  • Жанр: визуелен роман
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 23 октомври 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top