Logitech го претстави Harmony Living Home, далечински управувач за секоја потреба во паметитните домови. Harmony Living Home овозможува управување со 270.000 уреди, помеѓу кои и Nest термостатот, Philips Hue светилките, паметни брави, камери, приклучници и куп други паметни уреди. Harmony Living Home чини 350 долари и ќе биде во продажба до крајот на месецот.
Најголем дел од уредите можат да се наместат да се гасат или вклучат со една акција. Така корисникот може со активирање на една команда да ги изгаси сите светилки, да го намали греењето и да ги заклучи сите врати. Тоа што е најимпресивно е што далечинското на Logitech засега е еден од уредите кој има контрола врз најширок број на производи и наместо секој од нив да се контролира со сопствени апликации се контролираат со далечинскиот управувач.Фрагментираноста на пазарот на уреди од „Интернет на нештата“ е еден од најголемите проблеми со кои се соочува технологијата во моментот, а неа се обидува да ја намали и Apple со HomeKit.
[youtube]6jeUEmTUeDc[/youtube]







