Ebay oчекува двојно поголем пораст во мобилни трансакции

во Мобилни

Компанијата вели дека очекува eBay и PayPal mobile оваа година да забележат трансакции од по 10 милијарди долари, што е повеќе од двојно зголемување споредено со 2011-та година кога eBay забележа мобилни трансакции од 5 милијари долари, а PayPal mobile од околу 4 милијарди долари.

„Женска ташна се продава на eBay mobile секои 30 секунди. Мобилното станува дигиталната верига на корисничките живот. Тие сакаат што тие сакаат кога тие сакаат.“, вели директорот на eBay, Џон Донахо. „Линијата меѓу офлајн и онлајн е замаглена, и тоа однесување се случува бидејќи инвестираме во мобилната технологија.“

Според него, клучот на виралниот раст на мобилното купување, кој им донесе поголем профит во вториот квартал, лежи во самата структура на компанијата, и, секако, бидејќи корисниците не сакаат да внесуваат податоци од кредитни картички преку мобилен, туку го одбираат PayPal кој е полесното решение.

„Ако мислите дека ова е свет базиран на апликации, тогаш нема да носиме со себе Neiman Marcus апликација, или Walmart апликација и Best Buy апликација. Но, бидејќи сме трговски центар, една единствена апликација ви дава пристап до многу нешта. Затоа и имаме вирален интерес.“, вели г. Донахо за AllThingsD.

За да го забрза ова „замаглување на офлајн и онлајн реалноста“, eBay (и PayPal) вчера објавија дека го купуваат стартапот Card.io чија технологија овозможува мобилни телефони да читаат кредитни картички со својата камера, без потреба да се внесуваат податоци.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk