22 проверени работи што треба да ги знаете за Елон Маск

во Веб, Свет

Елон Маск во моментов е актуелен со купувањето на Twitter и целата „сага“ околу промените на микроблогот. Ова нè потсети дека има куп интереси приказни и митови за основачот на Tesla и SpaceX кои кружат онлајн и дека не баш сите се сосем вистинити… Во продолжение се неколку работи кои ги проверивме и решивме да ги споделиме за серискиот претприемач.

1995 — Поднел апликација да работи во Netscape, но го одбиле

Во 1995 година Елон Маск сметал дека Интернет ќе го промени светот на значителен начин и веднаш посакал да биде дел од оваа промена. Само што ги завршил студиите на Универзитетот Пенсилванија го поднел своето „CV“ во Netscape. Во овој период Netscape беше огромна компанија и еден од ретките, ако не и единствениот конкурент на Microsoft за Internet Explorer.

За жал никогаш не добил одговор на својата апликација за работа во Netscape, a подоцна дури и отишол до канцелариите на Netscape, но бил премногу срамежлив за да зборува со било кого.

„Имав дипломирано физика и економија, или физика и бизнис на Вартон, и бев на постдипломски студии по применета физика и материјали. Претпоставувам… Немав диплома за компјутерски науки или работно искуство во софтверска компанија.

Всушност се обидов да седам во лобито на Netscape, но бев премногу срамежлив за да разговарам со некого. Само стоев во фоајето…

Беше прилично срамно. Стоев таму и се обидував да пронајдам некој за да зборувам со него, а потоа едноставно не можев, не можев… Бев преплашен да зборувам со некого. На крај си заминав“, вели Елон Маск во интервју со Кевин Роуз.

1996 — Го избркале од директорското место во неговата компанија Zip2

Во 1996-та Маск ја основал својата прва компанија – Zip2. Во компанијата работел заедно со својот брат Кимбал Маск и со својот пријател Грегори Кори. Zip2 е платформа која спојува 2 бази на податоци „деловен именик“ и „мапа“. Маск ја објаснува мисијата на компанијата „Секој треба да може да ја најде најблиската пицерија, и како да стигне до таму“.

Истата година Mohr Davidow Ventures инвестирале 3 милиони долари и станале мнозински сопственик. Елон бил заменет од директорското место со поискусниот бизнисмен Ричард Соркин, но останал заменик претседател на компанијата и CTO. Во овој период дури Маск се согласува дека ова било добра идеја.

Соркин останал директор на Zip2 до 1998. Оваа година поради несогласување за спојување на Zip2 со CitySearch, Маск предводи бунт во компанијата и Ричард Соркин бил заменет од директорското место.

Во 1999 Compaq Computer Corp го купи Zip2 за 307 милиони долари.

1998 — Имаше проблеми да го направи PayPal успешен

Оваа приказна со Елон Маск не е точна. PayPal e основан во 1998 година од Питер Тиел, Луке Носек и Макс Левчин, под името Confinity. Компанијата започна како безбедносен софтвер за преносни компјутери, но поради проблеми со бизнис моделот го променија фокусот на дигитален новчаник. Во 1999 година е лансиран PayPal како платежен систем.

Во март 2000-та година Confinity се спои со X.com – стартап основан од Елон Маск, Харис Фрикер и Кристофер Пејн.

2000 — За малку ќе загинел во сообраќајна несреќа во Mclaren F1

Во 1999 година Елон Маск купи еден од првите McLaren F1 супер-автомобили. Веќе следната година во сообраќајна несреќа автомобилот е целосно уништен. Покрај Маск во возилото бил и Питер Тиел.  Делот со сообраќајната несреќа е вистина и автомобилот бил уништен во неа, но Маск и Тиел не се повредени, па дури и продолжиле на состанокот кој бил договорен.

Во раскажувањето на Маск несреќата изгледа навистина опасно, но за среќа без последици. Ако користиме термини од MythBusters ова е во категоријата „plausible“.

2000 — Го избркале од PayPal додека бил на меден месец

Во 2000-та година Маск за првпат бил на одмор како возрасен. Една од причините за одморот е и медениот месец со неговата прва сопруга Џастин. За жал само што слетал на аеродромот во Сиднеј морал да се врати назад во Пало Алто. Причината за ова е што на слетувањето дознал дека бордот на PayPal изгласал недоверба и на негово место го поставил Питер Тиел.

Гласањето за недоверба се случило додека Маск бил во авионот, пишува Ешли Ванс во книгата „Elon Musk: Tesla, SpaceX, and the Quest for a Fantastic Future“.

2000 — Се разболел од маларија

Ако ова не е доволна причина да се откаже од одмор, веќе следниот обид за меден месец е уште една потврда дека идење на одмор не му оди од рака. Во декември 2000, Маск планирал да го замени прекинатиот одмор со двонеделно патување во Јужна Африка и Бразил.

Во Јужна Африка се разболел од маларија, но две болници погрешно ја дијаностицирале болеста. Според негови зборови, да не бил спасен во последен момент за 36 часа ќе починел.

2001 — Русија одбила да му продаде ракета

Можеби денес Falcon Heavy е најсовремената ракета, но во 2001 SpaceX немаше сопствени ракети за тестирање. Сепак амбициозниот Елон Маск во 2001 година трипати отишол во Русија да се обиде да ја купи најголемата интерконтинентална балистичка ракета која Русија ја имала.

Тој дури и успеал да се договори за купување на две ракети, но на крај неговите руски партнери постојано го менувале договорот и се откажал. Само една година подоцна, Маск го основа SpaceX.

2006 — Првото лансирање на SpaceX е неуспешно

Првиот обид за лансирање на SpaceX ракета беше неуспешен. Само неколку секунди по лансирањето поради протекување на гориво првата ракета беше уништена.

2007 — Второто лансирање на SpaceX е неуспешно

Во споредба со првото лансирање второто беше многу поуспешно. Во март 2007 година тест ракетата достигна висина од 300km, но не ја заврши втората фаза. Што се однесува до успешност, веројатно и двете лансирања им помогнаа на инженерите да дознаат многу информации, па „неуспешно“ можеби не е најсоодветен термин.

2008 — И третата SpaceX ракета со сателити на NASA е неуспешна

Во август 2008 година Falcon 1 со 3 сателита полета од атолот Квајалеин. Ракетата требаше во орбита да однесе 2 сателити на NASA и еден сателит на Министерството за одбрана. Заедно со сателитите Falcon 1 во орбитата требаше да однесе и посмртни останки од 208 луѓе. Помеѓу другите на ракетата беше пепелта на астронаутот Гордон Купер и на актерот Џејмс Духан. Ракетата само 2 минути по лансирањето имаше проблеми со осцилации, a сателитите и посмртните останки никогаш не стигнаа до вселената.

2009 — Tesla речиси банкротира

Tesla денес е најголемиот производител на електрични автомобили, но малку фалеше компанијата да банкротира. Поради доцнење на Tesla Model 3 компанијата за малку ќе престанеше да работи 2 дена по Божиќ 2008 година. Компанијата ја затвори рундата за финансирање на 24 декември 2008 година, и според Маск ова е последниот час во последниот ден кога компанијата можела да биде спасена.

2013 — Првиот обид за слетување на Falcon 9 беше неуспешен

Во 2013 SpaceX веќе ја тестираше својата Falcon 9 ракета. За почеток немаше тестови со слетување, иако тоа беше конечна цел на тестовите. Во септември 2013 SpaceX го тестираше првото слетување на ракетата. Во втората фаза на слетувањето не се активираше вториот мотор кој беше неопходен за контролирано слетување, па на крајот ракетата слета без контрола.

2014 — Неколку Tesla Model S се запалија

Во 2013 имаше проблеми со автомобилите на Tesla. Неколку возила се запалија. Поголем дел од возилата беа во движење, но некои се запалија и во гаража. Во 2014 заврши истрагата и компанијата беше ослободена од обвинувањата.

За возилата кои се запалија во движење причина беше пробивање на батеријата. Во возењето возачите удирале во ѓубре на патот и ова ѓубре ја пробивало обвивката на батеријата и започнувал пожар. Компанијата по ова додаде дополнителна титаниумска и алуминиумска заштита на батеријата.

Заедничко за сите пожари е и што возилата во текот на сите несреќи возеле со ниска суспензија. Како последица на ова Tesla веднаш ја подигна суспензијата кога возилата возат побрзо.

За среќа во ниту една од овие несреќи немаше жртви.

2015 — Четири неуспешни слетувања на ракета во море

По четири неуспешни обиди во 2016 SpaceX конечно успеа да слета ракета Falcon 9 на водената платформа. Ракетата однесе залихи на Меѓународната вселенска станица и успешно се врати назад. Falcon9 успешно слета на автономен брод во океан.

Пред успешното слетување SpaceX имаше дури 4 неуспешни слетувања што ја спречуваше компанијата во обидот да креира ракета која може да се употреби повеќепати. Ова беше прво слетување во вода и со него SpaceX покажа дека Falcon 9 може да слета на копно и во вода.

По ова слетување следеа 10 теста на ракетата кои требаа да докажат дека е безбедно да се користи за ново полетување.

2016 — Испораката на Model X доцни повеќе од година

Во 2015 година Tesla го испорача своето прво теренското возило Model X. Во овој период возилото доцнеше речиси две години. Причина за доцнењето официјално е комплексноста на деловите и дизајнот. Дел од проблемите во изработката беа креирани од дизајнот, а како причина за доцнењето беше посочен и недостигот на делови.

2016 — Сателит на Facebook вреден 300М експлодира

Во септември 2016 година два дена пред полетувањето Falcon 9 ракета на SpaceX експлодира на последните тестови. Ракетата експлодира на платформата за време на тестот за лансирање.

Заедно со ракетата уништен беше и целиот товар.  Дел од товарот кој требаше да биде лансиран беше AMOS-6 сателит со кој Facebook сакаше да обезбеди интернет пристап во Африка. Иако за сателитот понекогаш се зборува како „сателит на Facebook“, овој опис не е точен. Сателитот е на француската компанија Eutelsat, а најголемата друштвена мрежа само изнајмуваше фреквенции од AMOS-6, пренесе Guardian.

2018 — Го спобудали интернет откако запали џоинт во живо

За ова баш нема потреба од потврда. Сите се сеќаваме на поткастот на Џо Роган во кој гостин беше Елон Маск. Реакциите беа поделени, иако овој потег сè уште се смета како контроверзен. Добар показател за контроверзноста е што речиси сите се сеќаваат на џоинтот, но малку се сеќаваат на останатите теми на кои зборуваа Роген и Маск.

2018 — Комисијата за заштита на хартии од вредност поднесе тужба против Маск

Во 2018 Елон Маск во два твита објави дека размислува да ја приватизира Tesla. Содржината на контроверзните твитови е следната: „Размислувам Tesla да ја направам приватна компанија за 420$ по акција“ и „Обезбедени се средства“. Овие твитови влијаеа на цената на акциите на Tesla на берзата, а Елон Маск беше обвинет за манипулација.

Како последица Елон Маск ја напушти функцијата претседател на одборот на Tesla. Дополнително, компанијата и г. Маск мора да платат казна од по 20 милиони долари. Ова е дел од спогодбата помеѓу Tesla и Комисијата за хартии од вредност.

2019 — Испораките на Model 3 доцнат

Еден од најголемите проблеми, ако не и најголемиот проблем на Tesla е доцнењето на испораките на возилата. Ова е точно за сите модели, па секако Model 3 не е исклучок. Во февруари компанијата процени дека за испораките на Model 3 новите купувачите ќе треба да почекаат од две недели до еден месец за испораката. Единствениот проблем со ова е што постоечките купувачи веќе чекаа 3 години за Model 3s.

Истовремено со испораките на моделот кој чинеше 35 000 долари, компанијата го повлече од својата продавница и го замени со малку поскап модел, кој чини 39 500 долари, пренесе Electrek.

2020 — Акциите на TESLA станаа најчесто шортирани акции

На почетокот на 2020 година акциите на Tesla по вторпат станаа најшортирани акции во САД. Во првиот месец на 2020 вредноста на „позајмените“ акции на Tesla надмина 14,3 милијарди долари. Само во еден инвеститорите кои ги „шортираа“ акциите на Tesla загубија 1,25 милијарди долари, пренесе Business Insider.

Што е Short Selling или “шортирање”?

„Short selling“ или “шортирање” е начин на инвестирање во кој се продаваат акции кои инвеститорот не ги поседува, па продадената акција е своевидна позајмица. На крајот на трансакцијата инвеститорот мора да поседува акции кои ќе ги замени за парите, всушност треба да ги врати акциите назад – но цената може да не е иста како цената кога ги позајмил. Во оваа инвестиција инвеститорот верува дека цената на акциите во иднина ќе биде пониска отколку во моментот кога ги купува.

Ако цената на акциите падне, инвеститорот ќе ја купи акцијата која треба да ја врати по пониска цена и ќе заработи; ако акциите рипнат цената на акциите кои треба да ги врати ќе бидат повисоки. Заработката е разликата помеѓу продажната и куповната цена на акциите.

2022 — По 9 години за првпат лансирана мисија до Меѓународната вселенска станица од САД

Во мај 2020 за првпат во историјата астронаути полетаа до Меѓународната вселенска станица со летало од приватниот сектор. Летот го одбележа и враќањето на летовите до вселенската станица од САД.

https://earthobservatory.nasa.gov/images/146794/astronauts-launch-from-american-soil

Капсулата Dragon Crew на 30-ти мај полета од Вселенскиот центар Кенеди со двајца астронаути Роберт Бекен и Даглас Хурли. Пред ова последен лет на шатл од САД е последниот лет на Atlantis на 21 јули 2011 година.

2022 — Елон Маск е најбогат човек на планетата. Вредноста на Tesla е поголема од сите останати производители на возила заедно

Во април 2022 богатството на Елон Маск беше проценето на 252 милијарди долари. На листата на најбогати на Forbes богатството на 50 годишниот милијардер е проценето на 237,1 милијарда, со ова тој секако е најбогат на светот.

Што се однесува до второто тврдење, Tesla навистина во моментов е највреден производител на возила, но не е поголем од сите останати заедно. Вредноста на Tesla во моментов е поголема од вредноста на следните 14 производители на автомобили заедно, пренесе InsideEVs. Сепак акциите на Tesla, а и вредноста на компанијата имаат куп скокови и падови. На пример со самото објавување дека Маск го купува Twitter акциите паднаа и вредноста на компанијата падна над 125 милијарди долари.

Kоментари на статија (1)Што се дискутира на ИТ форум...

Нема одговори сè уште.

Loading new replies...

Елон Маск во моментов е актуелен со купувањето на Twitter и целата „сага“ околу промените на микроблогот. Ова нè потсети дека има куп интереси приказни и митови за основачот на Tesla и SpaceX кои кружат онлајн и дека не баш сите се сосем вистинити… Во продолжение се неколку работи кои ги проверивме и решивме да ги споделиме за серискиот претприемач.

Во текстот ќе прочитате повеќе за следниве тврдења:

  • 1995 — Поднел апликација да работи во Netscape, но го одбиле
  • 1996 — Го избркале од директорското место во неговата компанија Zip2
  • 1998 — Имаше проблеми да го направи PayPal успешен
  • 2000 — За малку ќе загинел во сообраќајна несреќа во Mclaren F1
  • 2000 — Го избркале од PayPal додека бил на меден месец
  • 2000 — Се разболел од маларија
  • 2001 — Русија одбила да му продаде ракета
  • 2006 — Првото лансирање на SpaceX е неуспешно
  • 2008 — И третата SpaceX ракета со сателити на NASA е неуспешна
  • 2009 — Tesla речиси банкротира
  • 2014 — Неколку Tesla Model S се запалија

Прочитај повеќе @ 22 проверени работи што треба да ги знаете за Елон Маск ⋆ IT.mk

одговори Лајк

"Треба" ? Не баш, да дишиш мора, да јадеш треба, за Елон Маск може да се информираш ако те интересира, сигурно не "треба".

Кликбејт наслови без добри бутини или фронтални липосомални наслаги околу стернумот, се тапа.

одговори 6 лајкови

Elon Musk e fraud, исто како и темава.

одговори 1 реакција

Ова е најпотребната тема на форумов. Без овие факти јас немаше вечер да заспијам. Ви благодарам, ми го продолживте животот сега.

одговори 1 реакција

Проклетство, ама сте негативни.

одговори 7 лајкови

Брусче, Синоличко Трпковски, битно е ти да си ни позитивен. ;)
Ќе дојде и твоето виножитно време.

онтопик: Го заболе Паторот во Какоидасевикадонија за маск освен ако не иде на продаја Маскедонија па уште по некој гратис сендвич просечниот Маскедонец не ќари во целиот процес, по можност 10ка со кромид па отоп потом ќе му ја мислиме.

Проклетство, ама сте негативни.

btw,

"Треба" ? Не баш, да дишиш мора, да јадеш треба, за Елон Маск може да се информираш ако те интересира, сигурно не "треба".

Кликбејт наслови без добри бутини или фронтални липосомални наслаги околу стернумот, се тапа.

ме криват Тасе и Таса криптичен сум бил, на цицки и газови мислев.

одговори Лајк

1971 - Роден е Емил Максимовски и првите две години живее во Срј Македонија.
1975 - Поради големата интелигенција, фамилијата гo праќа во Сад.
1991 - Заради проблемите со името/презимето, врши промена во Елон Маск.
1995-2014 Му се случуваат многу негативни работи, но не де дава Македонецот.
2023 - Инвестира 5 милијарди долари во Македонија.

одговори Лајк

А нешто позитивно што мораме да знаеме? Или се е негатива.

одговори Лајк

Elon Musk e fraud, исто како и темава.

Elon Musk бил fraud :LOL:

одговори 2 лајкови

ХМ , проверено или непроверено ама google ова го вели , па кој сака ,како сака нека си размислува :)
Screenshot_3.png

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments