PayPal во преговори за купување на Pintrest

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Сервисот за онлајн плаќање PayPal ја разгледува можноста за купување на друштвената мрежа Pinterest. Неколку неименувани извори споделија податоци дека компаниите се во напредна фаза на преговори.

Вредноста на Pinterest е проценета на 45 милијарди долари. Ако навистина и се реализира зделката ќе биде најскапо купување во технолошкиот сектор годинава и највисока сума исплатена за друштвена мрежа до сега воопшто .

Двете компании веќе се во преговори и цената која PayPal би ја исплатил е 70 долари за акција на Pinterest, вели Bloomberg. Ова е и најголема сума која PayPal досега ја платил за некоја компанија. Истовремено оваа сума ќе биде значително повисока од цената од 26,2 милијарди долари која Microsoft ја плати за LinkedIn.

Друштвената мрежа во PayPal ќе биде дел од „супер апликацијата“. PayPal веќе има систем за плаќање, а со Pinterest ќе има и платформа за рекламирање и визуелна друштвена мрежа која е одлична за визуелно пребарување. Со ова друштвената мрежа треба да му помогне на PayPal да влезе на полето на е-трговијата во друштвени мрежи.

Она што би можел да го направи PayPal со Pinterest е да се обиде да го копира моделот кој Facebook го прави со Instagram. Pinterest би можел да добие специјализиран дел за онлајн продавница, но продавањето на производи би можело да се прави и директно во постовите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk