Ah, Commodore, компјутерот кој направи многу за ИТ светот и кој го пропадна во 1994-та година. Но, сега дваесет години подоцна брендот се враќа и тоа со паметен телефон – PET. Брендот беше купен од италијанските претприемачи кои веруваат дека можат да профитираат од носталгијата по култниот бренд.
PET, именувам според компјутер од 1982-ра година, е уред кој работи на персонализиран Android ROM со емулатор со кој може да се играат старите добри Commodore и Amiga игри. Телефонот има 5,5 инчен FULL HD IPS екран, обложен со заштитното Gorilla Glass 3 и алуминиумска рамка со логото на Commodore на позадина.
Телефонот ќе чини околу 400 долари, за кои ќе добиете и 1,7GHz 64-битен Mediatek процесор со осум јадра, ARM Mali T760 GPU, батерија од 3.000 mAh, и две камери од 13 и 8 мегапиксели. Ќе работи на две SIM картички со поддршка за 4G и ќе доаѓа во два модели: со 16GB простор и 2GB RAM и 32GB простор со 3GB RAM. И двата модели ќе имаат можност за надградба со MicroSD картичка.
