Рецензија: Broken Sword – Shadow of the Templars: Reforged е достоен римастер

во гејминг

„Животот продолжи околу мене, но таа експлозија ми го промени животот засекогаш“.

Broken Sword – Shadow of the Templars се смета за една од најдобрите авантури. Во 1996-та година, авантурата ги импресионира критичарите со, на времето, крајно реалистична графика и уникатни можности за интеракција со предметите и решавањето бројни загатки. Со одлична приказна и веродостојна глума, играта остави значаен белег во гејмерската индустрија и лансира огромен број слични авантури.

Broken Sword – Shadow of the Templars: Reforged ја зема преубавата игра од минатото и ја нуди на сегашните гејмери во цела 4К слава. Покрај драматичниот скок од 480p на 4К, римастерот се одликува со подобри анимации на ликовите, преработени меѓу-секвенци и одново обоени стотици сцени. Најдоброто од сето ова? Носталгичарите инстантно ќе може да скокаат помеѓу двете верзии преку само едно копче!

Како можете да ја играте Broken Sword: Shadow?

На располагање имате два режими на играње.

Story Mode ви дозволува релаксирачки да поминете низ приказната, со автоматско отстранување на сите акции што претходно сте ги пробале, пропратено со благи навестувања доколку не сте сигурни за вашите идни потези.

Classic модот, од друга страна, го нуди истото искуство како оригиналната игра, барем во поглед на тежината. Тоа значи дека, за зголемен предизвик, нема да можете да уживате во горе-споменатите предности.

Добрата работа е тоа што лесно можете да скокате низ овие два режими за време на приказната.

Слично на ова, управувањето на играта може да биде со глувче, или пак со контролер. Управувањето преку контролер е паметно осмислено и, по првично навикнување, немавме никакви проблеми, но Broken Sword: Shadow е класична PC авантура и, доколку можете, побрзо и поприродно е со глувчето. Во зависност од избраното, играта го објаснува играњето преку краток статичен туторијал.

Засенување

Broken Sword: Shadow е point and click авантура. Тоа значи дека фокусот е на впечатлива приказна и решавање загатки. Следејќи ги авантурите на Џорџ и Нико, ќе истражувате најразлични места, ќе собирате докази, ќе решавате загатки и ќе вложувате надчовечки напори за да разрешите мрачни заговори поврзани со витезите темплари. Низ егзотичните локации, левиот клик го користите за движење на ликот, за пронаоѓање точки на интерес, како и за стапување во интеракција со нив. Десниот клик, пак, ви дозволува да го испитате предметот и да дознаете нешто повеќе за него. Карактеристично за авантура од овој калибар, често ќе собирате одредени работи. Преку главното мени, ќе можете да ги испитувате работите кои ги носите или да ги користите за одредена акција, како комбинирање еден со друг предмет.

Приказната, во комбинација со глумата и севкупната презентација е на исклучително високо ниво. Дијалозите се внимателно напишани, земајќи во предвид бројни наративни елементи како ликови за комично олеснување. Самите разговори се осмислени со одредена нелинеарност, дозволувајќи ви во одредени моменти да одберете што и како да кажете. Иако се работи за суптилни поместувања, често посакувавме да вратиме назад за да ја видиме реакцијата на ликовите доколку го кажавме спротивното – толку е силна приказната да едноставно не сакавме ништо да пропуштиме.

Приказната е со времетраење од десетина часа

Иако дијалогот е „прочистен“ забележителни се одредени аудио аномалии. Претпоставуваме дека ВИ би можела да помогне тука, но решивме да веруваме дека авторите го оставиле така од носталгични причини. Звукот и музичката подлога од друга страна се повеќе од одлични. Паралелно со ова, сцените се чисти и со суптилни анимации кои потсетуваат на цртаните од осумдесетите. Сјајните, живописни цртежи допринесуваат до силно и емоционално поврзување со дејството кое се одвива, раѓајќи силна желба кај играчот да се истражи секој милиметар.

Broken Sword – Shadow of the Templars: Reforged е пример за тоа колку добри беа авантурите од минатото и на колку се работи се посветувало внимание, не само во поглед на приказната, туку и загатките. Broken Sword – Shadow of the Templars: Reforged е направена за да излезе во пресрет и на тврдокорните носталгични авантуристи и на мејснтрим публиката. Дури и да не сте фанови на авантури со релативно предизвикувачки загатки и истражување, Story режимот ќе ви дозволи целосно да се опуштите и да уживате во наративното патување низ париските улички, сириските пазари и руралните ирски села.

Повеќе детали за играта

Оценка

  • Вкупна оценка: 8.75
  • Приказна: 10
  • Гејмплеј: 9
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 7

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk