1 коментар 2 мин. читање 4 септември, 2014

Google работи на процесори за квантни компјутери

Google започна самостојно да развива чипови за квантни компјутери. Компанијата за потребите на тимот за развојот на квантни компјутери, ја додаде UC Santa Barbara, јави Extremetech. Google од 2013 година за изработка на квантен компјутер соработува со NASA, по што излезе и D-Wave квантниот компјутер со Vesuvius процесор. Сепак бенчмарк тестовите покажаа дека D-Wave e малку побрз и тоа на специфични пресметки, за остатокот дури и стандарден PC, некојпат е побрз од D-Wave.

UC Santa Barbara ќе се приклучат на Google Quantum AI Lab и ќе треба да се обидат да го надминат најчестиот проблем кој се поврзува со квантните компјутери – доверливоста. Најголем дел квантните компјутери поради својата прирoда се склони кон грешки, сепак five-qubit суперпроводниците успеваат да ја зголемат доверливоста до 99 отсто, а тимот на UC Santa Barbara се надева дека ќе успее да го намали бројот на грешки на 1 во 1.000, со што технологијата би добила можност за претставување на пазарот. Се чини дека во моментов Google работи на квантните комјутери поради идните проекти. Без разлика дали станува за употреба во роботите кои ги креираат или за паметните возила.

[youtube]HQmFEt6l6Tw[/youtube]

[youtube]CMdHDHEuOUE[/youtube]
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top