Дроновите нема да летаат врз Македонија без дозвола

во ИТ.МК

Беспилотните летала не смеат да летаат врз Владата, Министерството за одбрана, објектите на МВР и АРМ, Собранието, дипломатските преставништва, ниту ќе летаат за време на натпревари и протести. Ова се новите правила кои се воведени во нова Уредба за услови под кои летала без екипаж може да летаат во Македонија, пренесува Дневник, велејќи дека правилата се донесени пред десет дена, а од февруари стапуваат на сила. Уредбата е објавена во Службен весник, и од Агенцијата за цивилно воздухоплоство (АЦВ) ни рекоа дека наскоро ќе биде објавена и на нивниот сајт.

Според деталите објавени во Дневник, дроновите ќе бидат класифицирани во три категории до 20 килограми; летала до 150 килограми за кои ќе има посебна евиденција; и летала над 150 килограми кои ќе влезат во официјалниот регистар. Летот на дроновите е ограничен на 500 метри во хоризонтала и 150 метри во височина од местото каде што се управуваат од пилотот. За подолги летови пилотот ќе мора да има сертификат за безбедност, да му биде одобрен метод за летање и да биде пријавен во Агенцијата за цивилно воздухоплоство. Иако е забрането летање во населени места, ќе може да се лета со дозвола од Агенцијата, а пилотот ќе мора да управува со леталото така што нема да го загрози редот и мирот.

Оваа уредба е очекувана бидејќи регулирањето на дроновите стана проблем насекаде во светот. Со развој на технологијата се појави можност на ентузијастите да ги користат дроновите за најразлични цели – некои за правење глупости како носење знаме за провокации на фудбалски натпревар, други за креирање на армија на доставувачи, испраќање пошта или користење летала за известување на вестите. Проблемот е што воздушниот простор е строго контролиран, додека беспилотните летала се нова иновација која го нарушува тој простор.

Но, ако може да се согласиме со некои правила, пример со дозволите за пилоти и почитување на редот и мирот, сепак новата Уредба е претеран обид на македонските власти да ги контролираат дроновите. Освен што беспилотните летала не смеат да се приближат до 500 метри од владините објекти, што можеби е разумно, во новата Уредба се преземени мерки и за спречување на летови за време на протести и натпревари, што е глупаво. Медиумите, граѓаните-новинари, па дури и властите, можат да ги користат снимките од дроновите за да покажат нова перспектива врз настаните, нова информација, и ако бидат направени од регистриран пилот со дозвола тогаш нема зошто да бидат забранети. Неодамна студент наводно беше приведен бидејќи со дрон ги сними студентските протести, и потоа ја објави снимката на YouTube. На снимката нема ништо контроверзно, ниту нешто што ја нарушува безбедноста, освен поинаква и поинтересна перспектива на протестите.

Според новата Уредба, на странските дронови ќе им биде забрането снимање доколку пилотот нема дозвола со меѓународен договор или специјална дозвола, во согласност со Законот за одбрана, пишува Дневник.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments