0 коментари 2 мин. читање 4 февруари, 2015

Ееro сака да биде попаметен WiFi рутер

Eero е бежичен рутер од истоимениот стратап кој сака нивната креација да креира евтина, паметна мрежа која ќе го покрива целиот дом на купувачите. Рутерот креира мрежа со намалено баферирање, која го покрива целиот простор без „мртви“ точки. Eero, кој доколку и веруваме на рекламата е многу повеќе од тоа, односно цела мрежа во вашиот дом е креиран за да овозможи едностaвно креирање и нагодување на мрежата, но и едноставно споделување со гостите.

При првото инсталирање Eero преку Bluetooth се поврзува со паметниот телефон на корисникот, а потоа останатите Eero уреди мрежата ги автоматски ги препознава и го поврзува рутерот. Еero се конторолира преку апликација која овозможува споделување на мрежата со едноставно испраќање на името и лозинката до посетителите во вашиот дом. Податоците за состојбата на мрежата и брзината кои исто така се презентираат на апликацијата, на корисникот му дозволуваат едноставна проверка доколку се појават проблеми во мрежата.

Тимот кој го креира Eero е воден од Ник Вивер со искуство од Menlo Ventures, McKinsley, и кој е основач на акцелераторот StartX. Дел од тимот на Eero е и Фред Булд кој работеше на паметниот термостат Nest. Цената на Eero е 125 долари за секој уред или 299 долари за три Eero системи колку што се потребни за потполно покривање на домот.

[youtube]3t9vL34OV50[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top