Британскиот парламент донесе предлог одлука со која се дозволува комбинирање на ДНК од три индивидуи за креирање на бебиња, јави BBC. „Ова е храбар чекор, но е промислен и базиран на информации“, вели минеsтерката за здравство на Белика Британија, Џејн Елисон.
Предлог-законот е донесен со 382 гласа „за“ и 128 „против“, а целта не е креирање на супер-бебиња, туку оневозможување на пренесување на генетски проблеми како ретки наследни болести, кои се пренесуваат од мајката на детето. Со ова ќе се спречи мутирање на митохондрите, оние делови во речиси сите клетки кои на телото му овозможуваат да ја претвара храната во енергија. Имаат сопствена ДНК со чие мененување не се променува изгледот на бебињата. Но, кога ДНК-та на митохондрите ќе мутира резултатите можат да бидат многу опасни, а за жал најчесто се со катастрофални последици.
Критичарите на законот предупредуваат дека станува збор единствено за прв чекор кон дизајнирање на бебиња. Сепак барем за сега нема опасност од ова, митохондрите не влијаат на изгледот на бебињата, а можноста за промена на овој дел од ДНК, единствено ќе помогне за раѓање на здрави бебиња. Техниката која сега ќе може да се употребува, предвидува замена на митохондралната-ДНК со здрава од трет родител, односно друг женски донор.
За предлог-одлуката да стане закон треба да добие мнозинство гласови и од горниот дом.







