Дронот Mine Kafon може да ги исчисти минските полиња во целиот свет

Секој ден на мински полиња загинуваат или се повредуваат во просек по 10 луѓе. Секој ден! Но, ако до сега звучеше како невозможна мисија, денес има решение. Ова е сонот на креаторите на Mine Kafon Drone кои ветуваат дека нивниот дрон може да ги исчисти сите мински полиња во светот.

Со мините проблем имаат над 60 држави во целиот свет. Според процената на различни локации се поставени над 100 милиони мини. Употребата на против пешадиски мини е забранета со Женевската конвенција, но за жал тоа не го спречува нивното поставување. За отстранување на мини се користат животни, деминери или механизација, но за жал ниту еден од овие методи не е доволно ефикасен.

Леталото ја мапира целата област, има можност за поставување на детектор за метал или механичка рака која може да поставува уреди за детонирање. По поставувањето на овој уред дронот ќе се оддалечи на поголемо растојание и ќе го активира детонаторот, а со тоа и мините. Целиот процес е во три фази. Најпрво дронот прелетува и го мапира целото минско поле. Потоа со прикачен детектор, лета ниско, околу 4 сантиметри од земјата и ги впишува GPS координатите на сите мини. Конечно прелетува со детонаторите кои ги поставува врз мините, и кога ова ќе заврши ги активира. Овој начин на отстранување на мините е 20 пати побрз од сите методи кои ги користиме во моментов.

11e70a88a3e49b4226738d74293fda87_original

Проектот веќе ги прибра потребните средства на Kickstarter. Над 2.800 поддржувачи донираа над 110.000 евра. До затворање на Kickstarter кампањата остануваат уште 23 дена, а со дополнителните средства кои ќе се соберат ќе се креира подобар дрон кој би имал поголем капацитет на батериите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk