0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2021

САД дозволи прв ненадгледуван комерцијален лет на дрон

Федералната агенција за воздухопловство го дозволи првиот автономен лет на дрон во кој леталото може да излезе од видокругот на операторот. Досега леталата мораа постојано да бидат во видно поле на операторот.

American Robotics доби дозвола за тестови во Масачусетс. Компанијата ќе може овие летови да ги користи за тренинг, истражување и развој, и истражување на пазарот. Леталата ќе можат да летаат надвор од видокругот на операторот, но во секој момент, во текот на целиот лет, ќе мора да има присутен пилот, кој ќе може да преземе контрола врз леталото од далечина.

За време на летовите ќе биде дозволен максимален товар од 9 килограми, и барем засега ќе може да летаат единствено во рурални области, на висина до 120 метри и во време на добра видливост, пренесе The Next Web.

За претходните дозволи од Федералната агенција за воздухопловство беше потребно набљудувачи да бидат стационирани вдолж целата патека на летот за да може постојано да го надгледуваат леталото, или имаше други тешки ограничувања, како маскирање на инфраструктурата. Како последица на ова, вредноста и скалабилноста на комерцијалната употребата на дронови во САД беше значително ограничена или елиминирана. Со оваа дозвола Scout системот на American Robotics е прва дрон технологија на која и е дозволено континуирана работа без скапи ограничувања, вели претставникот на American Robotics.

Ова е значаен исчекор за употребата на автономните беспилотни летала. Ако се покажат како успешни, тестовите ќе придонесат за прилагодување на законите за поголема употреба на дроновите во иднина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top