Tesla го спаси својот возач; самостојно го одвезе до најблиската болница

во Свет

Откако се случија неколку сообраќајки во кои автопилотот погрешно ја процени ситуацијата, Tesla Motors конечно има причина да го пофали своето автономно возило. Приказната е дека Model X успеал да му го спаси животот на Џошуа Нили од Бренсон, Мисури така што го одвел навреме во болница.

По излегување од работата и влегувањето во автомобилот, г. Нили почувствува силна болка во стомакот поради белодробна емболија, јави Slate. За среќа, во овие моменти бил доволно свесен и успеал да го подеси автопилотот да го однесе до најблиската болница. Автономниот возач самостојно помина над 30 километри, на пат од неговата канцеларија во Спрингфилд до болницата во Брансон без грешка, возејќи го секој километар, минувајќи ги останатите возила и вртејќи ја секоја кривина. Лекарите велат дека г. Нили има среќа што е жив. Од белодробна емболија секоја година умираат над 50.000 луѓе.

Веста дека автоматското управување на Tesla конечно направи нешто успешно е добредојдена, откако автомобилите на Tesla предизвикаа најмалку две сообраќајни незгоди. Џошуа Нили е презадоволен од својот автомобил и тврди дека му го спасил животот, иако можел и да застане на патот и да почека да дојде брза помош.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk