1 коментар 2 мин. читање

Дознајте колку ви се добри лозинките со Passwordmonster

На темата за лозинки зборуваме често. Низ времето, пробавме да ве советуваме безбедно да споделувате лозинки со Bitwarden, да чувате лозинки со KeePass, или со AuthPass, или пак NordPass! Тука некаде, ги споменавме и бројните потенцијали на Buttercup, а и не штедевме совети за автоматско создавање силни лозинки со SPNE, како и Dalenryder Password Generator! Во еден момент, ве запознавме и со алатка која ќе ви помогне да ги откриете сите лозинки кои се складирани во екстерни дискови со ExtPassword! Во оваа прилика имаме нешто поразлично!

Како да знаете дали вашата лозинка е тешка за откривање?

Пред и да почнете да го читате текстот, нашиот читател gdamjan има нешто да сподели со вас!

Текстот продолжува во оригиналната форма:

За среќа вие не мора да знаете кога веќе си го имате Passwordmonster! Се работи за скромен веб сајт кој има за цел да ви дозволи да напишете лозинка и да ви каже колко лесно може да се пробие истата.

Лозинката која ние ја впишавме може да се кракне за само 177 години!

Покрај тоа што дознавате за колку години може да се пробие лозинката добивате информации и за тоа дали имате мали и големи букви, бројки и симболи. Комбинација од сите овие карактери строго се препорачува доколку сакате да се здобиете со исклучително тешка лозинка за пробивање. Од истиот веб сајт имате на располагање и бројни објаснувања и савети поврзани со лозинките, така да не е лошо убаво да се информирате за да избегнете урнебесно смешната судбина.

До кога ќе мора да користиме лозинки?

Никој не сака да памети бројни, долги и комплицирани лозинки. Но, ваквото нешто е задолжително доколку сакате да направите одредени напори за зачувување на приватноста и да заземете побезбеден став. На темата пишувавме подетално тука!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top