„123456“ е најчесто користена лозинка. Ова значително може да ја загрози вашата безбедност. Тогаш, каква лозинка треба да создадете? И дали е таа на високо безбедносно ниво?
Strong Passwords Need Entropy е алатка која ја проверува јачината на вашата претходно осмислена лозинка и ви кажува колку време би му требало на еден хакер да ја открие. Покрај ова, SPNE алатката ви покажува на кое место се наоѓа вашата лозинка кога ќе се спореди со најлошите лозинки на светот.
Во случај да не ве интересираат горните работи и сакате само да имате силна лозинка, Strong Passwords Need Entropy може да ги креира сигурна лозинка на најразлични начини, користејќи напредни методи како Random, Morse Code, Emoticons, CryptoCode, Leetspeek, или Piece of Poetry.
Добиената лозинка ќе биде тешка за паметење и, поради тоа, можеби не е лошо да користите дополнителна алатка за паметење лозинки, како Buttercup. Овој менаџер за лозинки е компатибилен со бројни верзии на оперативни системи и користи 256-bit AES енкрипција. Прочитајте повеќе за него тука!
Најновата 16 верзија на Strong Passwords Need Entropy се одликува со подобар интерфејс, воведува нова лента за статуси, ја надополнува листата со најлоши лозинки на целиот свет и автоматски отстранува исти лозинки или лозинки со низок степен на предвидливост.
[…] совети за автоматско создавање силни лозинки со SPNE, како и Dalenryder Password Generator! Во еден момент, ве запознавме […]
[…] за лозинки. Во меѓувреме, креирајте јаки лозинки со SPNE, или со Dalenryder Password […]