Најчесто користените лозинки за 2020 година и понатаму се исклучително предвидливи

во Веб, Вести

Со години пишуваме колко е зашеметувачки чудно тоа што најчесто користените лозинки се лесни за откривање. Годините си поминуваат, но разумот и понатаму не игра голема улога на ова поле.

NordPass откриваат дека од 200 најчесто користени лозинки, првите три места се држат од 123456, 123456789, и picture1. Веднаш зад нив доаѓаа password, заедно со qwerty, abc123 и Million2. И додека се мислиме зошто баш 2 во Million, тука некаде се прикрадуваат и лозинки како: iloveyou, omgpop, ashley, chatbooks, princess, sunshine, dragon, како и, секако, pokemon.

Застапеноста на овие лозинки е извлечена од огромна датабаза со импресивни 275 699 516 лозинки. Само 44% од лозинките биле класифицирани како уникатни. Останатото било во форма на чести, лесни за паметење зборчиња, како горе-споменатите хитови.

Од NordPass опоменуваат дека ако вашата лозинка се наоѓа во топ 200 листата, тогаш истата може да биде хакната за дел од секунда. Чисто за пример, лозинката 123456 била пробиена 23 597 311 пати.

Еве кои се топ 20 најчесто користени лозинки:

Андреј има феноменален текст преку кој ве запознава со најразлични софтвери за лозинки. Во меѓувреме, креирајте јаки лозинки со SPNE, или со Dalenryder Password Generator.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments