Тhe Last Rain е апликација која ќе ви го преполни екранот со ОГНЕНИ МЕТЕОРИ ОД ПЕКОЛОТ! Денес, 21.12.12, според прогнозите на маите, односно лудите шпекулации на интернетс, е крајот на светот. Па логично е крајот да започне од вашиот телефон, нели? Сакате крај на свет? Замислете си дека немате мобилен и интернет…
Но, да се навратиме на апликацијата. The Last Rain е изработена од Драган Атанасов, и е интересна апликација која симулира дожд од метеори. Ја стартувате, подесувате брзина и квантитет на метеори и гледате како вашиот Android уред се претвара во Doomsday телефон! Метеорите ќе паќаат постојано, дури и кога проверувате имејл и сурфате. Можно е поголем број на метеори да ги испорат поспорите процесори или да ја потрошат батеријата, но кому му е гајле – денес е крајот на светот! Постои и интересна опција Full Auto која го одлучува бројот на метеори според времето надвор, па, во недостаток на тестирања, претпоставуваме дека ако врне дожд ќе има и повеќе метеори.
@viktordano Ја наоѓа локацијата според твојата IP адреса и од таму ја зима временската прогноза. Отприлика де :-)
— Dragan Atanasov (@drashmk) December 21, 2012
Апликацијата е бесплатна и достапна на Google Play. Moже да се користи од Android 2.1+.








