Aко се плати еднократната цена од 1 долар, било кој ќе може да добие пристап до вашето сандаче, дури и тие што не ви се пријатели, и да ви праќа рекламни пораки. Во овој нов експеримент Facebook тестира да види како ќе реагираат огласувачите, но и корисниците кои лесно можат да ја маркираат пораката како спам и никогаш повеќе да не ја видат, односно да биде складирана во Other tab кој фунцкионира како спам фолдер.
Според друштвената мрежа, ваквото наплаќање за да ви се рекламираат лично преку приватна порака можеби ќе биде и одговор на спамот, со тоа што ќе им наметне трошок на спамери, а во исто време ќе може да генерира некаков приход.
За тие што не се добро запознаени со опциите, Facebook има две категории во пораките, односно дојдовно сандаче и останати пораки во кои се сместуваат пораките од страниците, кои Facebook наводно ги препознава како спам.
Но, и тука има новини. Facebook мисли дека некои од пораките кои завршуваат таму, вистински не би требало да бидат таму, па затоа сега се воведени две нови опции за филтрирање на пораките. Првата опција е „Стандардно филтрирање“ која ќе ги филтрира пораките во вашето дојдовно сандаче и се однесува за сите пријатели со кои контактирате и пријателите на вашите пријатели (доколку имате овозможено и тие да може да ви пишуваат). Додека пак, опцијата „Стриктно филтрирање“ е сконцентрирана за филтрирање на пораките само од вашите пријатели.








