Не ги фрлајте пластичните шишиња! Направете елка од нив. Во недела, на 23-те декември, во Градскиот парк во Скопје по втор пат ќе се прави Новогодишна елка од пластични шишиња (еве како изгледаше тоа лани). Организиран од македонската Twitter заедница, оваа година настанот ќе добие поддршка и од други компании, меѓу кои и друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак, кои ќе ја откупат елката, а парите ќе ги донираат за добротворни цели.
Ми текнува лани кога @darjanr грееше ракија на #ЕлкаМК. Годинава освен лебчињата со ајвар од @diemgp сакам да пиеме чашки @pelinkovacmk.
— Darko Arsovski (@dArsovec) December 14, 2012
Настанот е прекрасен гест да се мотивира рециклирањето и донирањето, па би било добро да стане и традиционален настан. Сите се добредојдени да учествуваат, а ако имате вишок шишиња пунктовите за собирање на шишиња ќе бидат отворени во сабота, на 22-ри декември од 12 до 14 часот во Рамстор, Беверли Хилс, Лептокарија, Универзална сала и ТЦ Бисер.
Пазете се пунктови, Универзална пак ќе растури!!! #навијачка Чај со рум и мафини, кој нема да дојде? :) #елкамк @iivvanaa @poljaff @aktovka
— Sandra (@alexhris) December 18, 2012
Елката ќе се прави утредента, на 23-ти декември во 10:00 часот во Градскиот Парк Скопје, кај Школка. Повеќе детал за настанот и пријава за учество ќе најдете на Facebook.
Градоначалникот на #Тетово у поддршка на #ЕлкаМК забрани да се фрља ѓубрето од улицете на #Тетово twitter.com/toVornottoV/st…
— Наивниот твитерџија (@toVornottoV) December 18, 2012
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.