Дигитални македонски телевизии од јуни 2013 година

во ИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникација ја избра компанијата „Веселин“ да го дигитализира аналогниот сигнал на националните и регионалните телевизии. Директорот на АЕК, Роберт Ордановски, вели дека „Веселин“ за две недели ќе добие лиценца за национален оператор за дигитална телевизија и ќе биде обврзан да им обезбеди на четирите национални и локалните телевизии да бидат пренесувани во дигитална форма од јуни 2013 година.

„Тогаш престанува аналогното емитување и почнува новото преку новиот дигитален ДВТ оператор. Има конкурс во моментов за овие 47 локални телевизии да прераснат во регионални во осум региони. По нивен избор ако сакаат да покриваат поширока област.“

Дигиталната сигнал се разликува од аналогниот по тоа што овозможува пренесување повеќе информации без да биде прекинуван, што значи подобра слика со висока дефиниција и подобар звук. Но, дигиталната телевизија може да биде проблем за домаќинставата со постари телевизори бидејќи ќе мора да купат дигитален приемник или понов телевизор со вграден приемник. АЕК вели дека им излезе во пресрет на семејствата кои немаат средства за нов телевизор и ќе доделат 40.000 приемници од по 10 евра.

По јуни 2013 година, откако ќе се ослободат фрекфенциите, тие ќе им бидат понудени на мобилните оператори за 3G и 4G мрежи.

„Фреквенциите што ќе се ослободат ќе ги понудиме на мобилните оператори за 4G тоа се фреквенции од 800 мега спектарот тие се најдобрите за таа намена, имаат најдобри својства за пренесување на сигнал, потоа агенцијата ќе објави јавен повик за 4G веднаш што завршиме со бродкастерот.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
О писменех...
О писменех...
14 years ago

800 мега спектарот?
800 МЕГА спектарот?
800 МЕГА СПЕКТАРОТ?

бродкастерот?

Блажееее каде си!!!!???

Aleksandar
Aleksandar
14 years ago

хаххахахахаха Васелин :) , Колку јак оператор за да лизга без проблем ….

види ги сите огласи на kariera.it.mk