0 коментари 2 мин. читање 17 мај, 2012

Twitter имплементира „Не ме следи“ опција

Twitter се приклучи на иницијативата на Mozilla да се воведе „Не ме следи“ опција која ќе им овозможи на корисниците да му кажат на сервисот за микро-блогирање да не им ги собира личните информации.

Оваа опција е достапна веќе година дена на Firefox прелистувачот, и, иако е лесна за користење и препорачлива за секој кој е загрижен за својата приватност, сепак работи само со сервиси кои се согласиле да ја имплементираат.

Twitter е првата голема друштвена мрежа која храбро се реши да го имплементира сервисот, и покрај фактот што персонализација на искуството на друштвените мрежи зависи од информации на корисниците. Интересно, од другите поголеми веб компании, Google најави дека ќе ја следи иницијативата и ќе воведе таков додаток во Chrome прелистувачот, додека Microsoft веќе воведува ваква опција на Internet Explorer. Што се однесува до Facebook, тешко е замисливо дека ќе сакаат да им овозможат приватнoст на корисниците бидејќи без нивните информации нема да биде компанија која вреди 100 милијарди долари.

Според Mozilla, Do not Track се користи од 8,6 отсто од десктоп корисниците и 19 отсто од мобилните корисници.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top