Денеска акциите на Yahoo! ја достигнаа најниската вредност во последните пет години, достигнувајќи цена во крајните часови од тргувањето од 15.31 US долари. Со ова, вредноста на акциите практично се преполови од понудената цена во Февруари кога Ballmer испрати понуда до извршниот директор Jerry Yang и кога Microsoft беше спремен да даде $31 за една акција. Понудата беше одбиена затоа што Yahoo! бараше подобра цена (37-40$) и упорно тврдеше дека вреди повеќе од понуденото.
{mosimage}
Наспроти преполовената цена која можеби некои од вас ќе ја оправдаат со економската криза на Вол Стрит и ќе кажат дека и други компании како Apple се соочуваат со истото, интересно е да се забележи и дека компанијата веднаш по одбивањето на понудата започна да преговара за соработка со Google преку која ќе истакнува и заработува од AdSense реклами во својот пребарувач.
И преговорите со Google кои се во завршна фаза беа паузирани пред неколку дена затоа што владините регулаторни комисии на САД сакаат подетално да ги разгледаат ефектите од ова партнерство. Со ова Yahoo! забележа уште еден
пораз…
Немајќи многу избори, се шпекулира дека Yahoo! сеуште разгледува некоја комбинација со Time Warner за присвојување на AOL и инкорпорирање на овој портал во нивната стратегија.
Уште поинтересно ќе биде да се види што ќе се случи при крајот на овој месец, односно на 21 Октомври кога компанијата се очекува да ги пријави своите финансиски резултати од работењето во третиот квартал од оваа година, кои според сите анализи и очекувања а и моменталната економска криза резултатите би требало да бидат доста негативни.
Само со испраќањето на понудата на 1-ви Февруари, Ballmer ја зголеми вредноста на акциите на Yahoo! за скоро 10$ (на 31 Јануари, 2008 вредеа 19.18 долари, а утредента 28.38$). Во овој сплет на околности, искрено го замислувам до некаде лудиот Ballmer како сега му се потсмева на Yahoo! и праќа е-маил до бордот на компанијата во стил:
"Требаше да ја прифатите мојата понуда…" :-)))






