{mosimage}Како и кај секој интернет сервис кој брзо се развива, така и Twitter започна да забележува проблеми со огромни количини на несакани и рекламни пораки. Со цел да го спречат ширењето и да се справат со спамот, Twitter претстави нов профил на кој ќе можете со директна порака да пријавувате спам пораки.
Профилот за превенција на несакана комуникација е www.twitter.com/Spam. Откако ќе одберете да го следите профилот, можете да пријавувате пораки на следниов начин:
- со директна порака до @spam со истакнување на профилот кој го пријавувате со @ знакот напред
- преку порака од вашиот телефон користејќи d+ корисничко име + вашата лозинка: d spam @корисничкото име кое го пријавувате
- преку директен одговор користејќи @spam и корисничкото име кое го пријавувате со знакот @
{mosimage}
Од Twitter.com предупредуваат дека најдобриот начин за пријавување на спам пораки е преку испраќање на директна приватна порака до @spam, затоа што со тоа ќе се одбегне истакнување на корисничкото име на спамерот во јавните постови и пребарувачи.
Овој сервис за микро-блогирање со спамерите се справуваше преку суспендирање на профили и заменување на содржината со пораката:
"Ова корисничко име моментално е суспендирано и се разгледува внимателно заради сомнителна активност."
Досега техничката поддршка на Twitter.com ги суспендираше само пријавените профили од страна на чесните корисници, но со оваа алатка за автоматско собирање на спам пријави, сервисот најави и дека ќе отвори нови работни места за луѓе чија задача ќе биде исклучиво справување со спамот.






