Дали Steam продавницата ќе успее во мисијата за подобра транспарентност?

Споредете ја моменталната верзија на Steam со раните почетоци кои датираат уште до 2003-та година, и ќе наидете на огромни разлики, како во начинот на кој се сервираат и продаваат игрите, така и во начинот на кој социјализира гејмерската заедница. Со пензионирање на Steam Greenlight и имплементирање на Steam Direct, останува уште еднаш да се запрашаме што станува со самите корисници и на кој начин ќе се изложува неуморната легија од игри?

Во неодамнешниот блог пост, претставникот од Steam, Робин Волтер, започнува со објаснување на нивната филозофија и начинот на кој воведуваат поголема транспарентност за купувачите. Успешна имплементација на таквиот систем, меѓутоа, е невозможна без поделба на самите корисници на различни типови.

  • Играчи кои активно се вклучуваат во онлајн гејмерската заедница и играчи кои целосно го избегнуваат такво нешто.
  • Играчи кои ја прелистуваат продавницата барајќи игра и играчи кои веднаш знаат кој наслов бараат.
  • Играчи кои само купуваат најнови ААА игри и играчи кои сакаат да бараат неоткриени хитови.
  • Играчи кои сакаат да се вклучат во развојот на игрите уште од најраните фази на нивната еволуција.
  • Играчи кои сакаат игри со одредени атрибути, како вид на гејмплеј, поддршка за одредена технологија, преводи на одреден јазик и слично.

Ваквата поделба беше извршена и за девелоперите:

  • Девелопери со ААА наслови кои имаат огромна, веќе постоечка база од фанови и, од друга страна, непознати девелопери кои имаат игра која би била хит само во моментот кога играчите би ја откриле
  • Девелопери кои прават игри за потесна публика и имаат за цел да се промовираат само во специјализирани кругови
  • Девелопери кои сакаат да добијат повратна информација во раната фаза од развојот на нивната игра

Земајќи го сево ова во предвид, крајната цел на една успешна продавница е да се третираат сите такви групи од муштерии на фер начин. Најголемиот предизвик кој произлегува од таквото нешто, се неусогласени, конкурентски интереси, објаснува Волтер, а ние чувствуваме потреба да потсетиме дека целава оваа дискусија се пројавува поради бројните поплаки на корисниците кои сметаат дека продавницата не е доволно транспарентна во начинот на кој ги прикажува игрите на предната страна. Како резултат, многумина корисници се збунети од начинот поради кој некоја игра се прикажува, а многу девелопери се загрижени дека нивната нова и непозната игра тешко би можела да се избори за своето место под сонцето, особено кога ќе земете во предвид дека Steam моментално продава 14719 игри, каталог кој се зголеми за неверојатни 40% само во 2016 година.

„Многу е важно да разберете дека ако не правиме нешто што се поклопува со интересите на една група, тоа е затоа што се трудиме да ги балансираме тие интереси со интересите на другата група.“, објаснува претставникот Робин Вокер.

Тој додава и дека таквите конкурентски интереси не се пројавуваат само кај девелоперите, туку и кај самите корисници на платформата, гејмери кои, на пример, уживаат во игри кои се во ран пристап и гејмери кои не сакаат да ги смислат таквите наслови, камо ли да ги гледаат постојано на нивната страна. Во борбата за практична изложеност на игрите, Вокер смета дека дефинитивно помагаат две работи. Discovery update (воведувањето куратори, препораки, и криењето непопуларни изданија) и имплементирање флексибилен систем за враќање на парите (за која било игра која сте ја играле под два часа) допринесоа до изложување на игри до пошироката публика, што не е нешто што беше успешно со Steam Greenlight. Иако Valve го сакаат таквото нешто, сепак потенцираат дека одредено внимание кон поголемите наслови не е на одмет, затоа што и понатаму е висок бројот на гејмери кои сакаат само да купуваат ААА игри.

Поради сево ова, најновата опција за Steam е особено добредојдена затоа што ви кажува точно зошто ви препорачала одредена игра само на вас, а и ви дозволува да добиете подобар увид во вашите и туѓите интереси.

„На пример, знаејќи дека одреден пријател или куратор сака или не сака одредена игра би можело да ви помогне да се одлучите дали и вие би биле заинтересирани за истиот наслов.“

Исто така, доколку продавницата направи грешка со алгоритмите и ви прикаже наслов кој (не) ви се допаѓа, можете да се информирате за причините кои стојат зад таквата одлука и соодветно да реагирате.

Со оглед на тоа дека функцијата Is this game relevant to you? е се уште во почетна фаза, препорачување од ваков тип е со сомнителен квалитет и многу често се сведува на неосновани параметри. Па така, играта Forts ни беше препорачана само затоа што е слична на игрите Dawn of War II и Stronghold Legends, игри кои сме ги играле во минатото. Со оглед на тоа дека во играта преовладуваат позитивните рецензии, продавницата смета дека и нам би ни се допаднала, но тоа не би можело да е подалеку од вистината. Од друга страна, пријатно се изненадивме од Northgard, игра која успеа да нè заинтригира, а беше препорачана затоа што сме ја играле Anno 2070, омилена е на кураторите Rock Paper Shotgun и е на wishlista на двајца наши пријатели.

Постот е првиот од трите планирани постови со кои Вокер планира да овозможи поголема транспарентност и „разбирање за тоа што ние се трудиме да направиме со продавницата Steam.“ Следниот пост ќе ги анализира бројните техники со кои одредени издавачи ги злоупотребуваат алгоритмите од продавницата за да печалат пари и што Valve планира да направи во поглед на тоа. Третиот пост ќе биде за пристапот на Valve кон Steam Direct и контраверзното барање да се плати за да се постави игра на Steam.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments