За 4 евра месечно, Origin Access дава пристап до над 200 игри, како и 10% попуст и временски ограничена проверка на најновите наслови на ЕА. ЕА ја нуди оваа претплата на PC, PS4, како и XBox. Откако ЕА ги префрли сите нивни игри на Steam, нешто што се срамуваше да го направи долги години, сега се подготвуваат да го направат истото и со претплатата.
EA Access веќе доби посебна страница на Steam и објаснува дека оваа претплатничка услуга ќе биде достапна на PC играчите наскоро. По цена од 25 евра годишно, би можеле да ги проверите ремек делата како Dragon Age, Mass Effect, Titanfall, Battlefield, но и скриените хитови како Mirror’s Edge, Burnout Paradise, и слично.
Сеуште не се знае дали ЕА планира да овозможи Steam алтернатива и на Origin Premier. Оваа претплатна чини 100 евра годишно, но дава целосен пристам на апсолутно сите нови игри кои се на ЕА, заедно со комплетни едиции на многу други игри.