0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2017

ИТ Настан: Обликување на иднината на информациската заштита и управување со Nextsensе

Компанијата Nextsense организира конференција на која ќе биде претставена иднината на информациската заштита. Со оглед на проблемите со кои се соочува индустријата денес, темите се актуелни и супер интересни.

Посетителите ќе можат да слушаат за: WikiLeaks; за нови вируси и интернет опасности; DDoS напади; Ransomware вируси; куп протекувања на лични податоци на корисниците. Овие предизвици се важни не само за коорпорациите и големите компании, туку и за индивидуалните корисници.

„На конференцијата ќе присуствуваат над 80 гости со различни профили и тоа: извршни директори, офицери за заштита на лични податоци, офицери за сигурност и безбедност на информации, раководители на ИТ сектори и слично. Пријавените гости се вработени во големите институции од владиниот сектор, јавните претпријатија, единиците на локална самоуправа, правосудството, финансискиот сектор, но и големи компании од приватниот сектор (домашни и странски инвеститори)“, велат организаторите.

На конференцијата се разгледуваат неколку важни теми: Законот за регулирање на приватноста; Следење и обезбедување на доверливи податоци; Откривање на активни безбедносни закани; Побезбедна веб комуникација додека ја забрзувата бизнис апликација; Заштита на идентитет и автентикација.

Конференцијата се одржува на 11 мај во Bushi Resort & Spa, а влезот е бесплатен. Настанот започнува од 9 часот, а партнери на Nextsense во организацијата се Symantec и Veritas.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top