Zume Pizza, Cafe X и Chowbotics се компании кои работат на роботизирање на храната. Најверојатно по имињата на компаниите веќе препознавате и што работат. Zume Pizza работи на достава и готвење на свежа пица во своите камиони/подвижни кујни; Cafe X е робот кој сосем сам вари кафe; Chowbotic е стартап кој со својот автомат робот го автоматизира креирањето на салати за канцеларии.
Овие стартапи работат на различни оддели за исхрана и имаат различен модел на монетаризација. Сепак овие стартапи ја покажуваат барем насоката на рестораните за брза храна.