Дали би платиле за да промовирате личен Facebook пост?

Facebook започна да тестира опција со која корисниците, не брендовите и компаниите, ќе имаат можност да платат мала сума и да истакнат свој пост. Тестовите моментално се водат со корисниците во Нов Зеланд, и се уште еден обид на Facebook да ја искористи својата одлична платформа за споделување и да направи пари од некоја реклама повеќе вметната во корисничкиот стрим на вести.

Според Том Пулар-Стрекер, кој објави слика од опцијата, Facebook бара околу 2 долари за да истакне кориснички пост. Овој пост ќе биде истакнат најгоре во фидот на вести, но нема да бидат многу различни од вообичаените статуси.

Facebook потврди дека тестира таква опција, и вели дека со овие тестови ќе откријат дали корисниците се заинтересирани за валвп нешто.

„Постојано тестираме нови опции. Овој тест е едноставно за да провериме дали има интерес кај корисниците за ваков метод на споделување со пријателите.“

Опцијата може да биде исклучително интересна за корисниците кои сакаат да си ги истакнат професиите преку свој личен профил, пример дизајнер може да си ги промовира делата, маркетерите да промовираат своја кампања. Исто така може да биде корисна за истакнување на настани, пример роденден или журки.

Но, од друга страна идејата зад друштвената мрежа беше да им овозможи бесплатно и слободно да се споделуваат токму такви промотивни нарцисистички постови кои ги истакнуваат интересите на корисникот. Плаќање за постови ќе може да значи дека вистинските постови од пријателите ќе бидат ставени во позадина бидејќи ете некој решил да се промовира.

Всушност, ако некој сака да се промовира зошто да не си отвори фан страна која служи токму за такво нешто.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@darko156
14 years ago

Или брендовите да ангажираат (плаќаат) индивидуалци кои имаат влијание врз своите пријатели за да споделат нивен производ/услуга како лична препорака :)