Спонзориран текст

#CodeTalks: Интервју со Ѓоре Захарчев QA Line Manager во Сивус

Спонзорирано од Seavus

во Интервјуа, Спонзорирани

Оваа среда, 26-ти мај, Seavus организира ново издание на CodeTalks. Настанот ќе се одржи онлајн, со почеток од 16:30 часот. Овој пат ќе имате можност да ги слушнете Ѓоре Захарчев на тема “Effective Test Automation using a Pattern Object Model“; Павел Довган на тема „ Circle CI and e2e tests in development workflow“; и Јарослав Химко на тема „The importance of API testing and automation in banking domain“.

Во очекување на настанот разговараме со Ѓоре Захарчев. Во продолжение прочитајте дел од она што може да гo очекувате на овој CodeTalks.


Кажи ни во неколку реченици нешто повеќе за себе?

Јас сум Ѓоре Захарчев, QA Line Manager во Сивус, со 15 години искуство во тестирање на софтверски решенија. Воедно сум тренер за софтвер тестинг, како и говорник на неколку светски конференции за софтвер тестинг. Од неодамна сум претставник на ISTQB (преку SEETB) за Македонија.

Што всушност работи еден QA Line Manager?  Кои се вашите обврски? Како изгледа еден вообичаен ден?

Во глобала целиот ден ми е исполнет со состаноци со нашите тестери како и со клиенти, a воедно и интервјуа со нови кандидати за работа. Работам на подобрување на квалитетот на услугите кои ги нудиме, на тренинзи, водам активности за тестирање на интерни проекти и слично, а во ептен слободното време работам на развој и подобрување на фрејмворк за автоматско тестирање за APIs, веб и мобилни апликации. 

Кои се главните карактеристики кои треба да ги поседува еден тестер? Какви познавања треба да има, какви способности?

За разлика од порано, денес тестерите треба да бидат поагилни и да поседуваат повеќе вештини кои се од најразлични области. Пред сѐ тука се добра комуникација со тимот и способност за објаснување на работите. Јас секогаш велам: „Ако не знаеш нешто да објасниш едноставно, тогаш ни ти самиот не си го разбрал“. Со оглед на фактот што работиме исклучиво со клиенти од странство, потребно е и добро владеење на разговорен и пишан англиски јазик.

Кои технологии треба да ги познава?

Еден агилен тестер треба да знае работа со бази на податоци, идентификување и читање на логови од системите, носење одлуки се разбира преку соодветни логички пристапи за тоа што се треба да се истестира, како и колку длабоко да се навлегува во тестирањето, познавање на барем една алатка за рест api тестирање, основни на објектно-ориентирано програмирање, како и барем една алатка за веб автоматизација. Тука неминовен е и процесот на моделирање на бизнис процесите преку соодветен тип на дијаграми.

Софтверот и технологиите брзо се менуваат. Како еволуира оваа гранка последниве години?

Иако оваа гранка еволуира доста брзо првенствено со стартап компаниите, многу корпорации речиси и не се промениле од пред 10 години во поглед на тестирањето на софтвер и алатките кои се користат. Тука пред сѐ најмногу се акцентирани алатките кои се користат и времето потребно за тестирање станува се пократко, па потребно е да се донесат добри и брзи одлуки базирани на инженерски пристап, а не филозофски како што тоа многу често се прави од страна на некои луѓе. Барањето на кој е крив стана минато и сега целиот тим е одговорен за квалитетот, па така и треба да се однесуваме.

Дел сте и од SEDC Software академијата, кои се првите совети кои ги давате на овие тренинзи?

Учењето е процес кој не запира. Посетувањето на академија и нејзино успешно завршување е само првиот чекор од постанување дел од ИТ-индустријата. Потребни се години за да се постане добар тестер, а дел од тој пат вклучува и многу пребарување на Google и Stack Overflow.

Последната година е специфична со пандемијата и работа од дома. Влијае ли ова некако на процесот на тестирање?

Секако дека влијае и можам да забележам во позитивна смисла :). Да почнам од самите тестери кои имаат повеќе време за приватен живот, до зголемување на бројот на системи и нивно подобрување, со што се отвара повеќе работа за нас тестерите.

Што може да очекуваат посетителите на Seavus CodeTalks?

Посетителите на виртуелниот настан може да се запознаат со интересни концепти кои ние во Сивус редовно ги применуваме и подобруваме, ќе научат како ние им помагаме на нашите клиенти да заштедат време и пари и да реагираат пред своите конкуренти.


Следењето на настанот е бесплатно, а повеќе информации за истиот може да најдете на следниот линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk