Chrome презеде 1% од пазарот

во Блог

За нешто над 24 часа новото "чудо" на Google, интернет прелистувачот Chrome пенетрираше на пазарот на интернет прелистувачи со 1% и со тоа ја надмина Opera, која располага со 0.74% удел, изјавија аналитичарите на компанијата Net Applications, кои се обидуваат да ги следат перформансите на Chrome на пазарот на секој час. Од овие резултати можете само да си замислите колку моќен бренд е Google и како може да пласира било каков продукт кој искористувајќи го влијанието кај милионските корисници има огромни шанси за успех.

{mosimage}

Новиот според многумина, "супер-брз" прелистувач за која карактеристика Mozilla фондацијата кратко се изјасни да ја почекаме следната верзија на Firefox па тогаш да споредуваме, во првите 24 часа освен феноменален настап на пазарот доби и многу негативни поени, нормално од оние кои малку поразлично ги гледаат работите и не веруваат дека се што доаѓа од Google мора да е добро и феноменално, иаку повеќето производи сé.

Мислењето на Стефан за Chrome одлично ја прикажува ситуацијата:
"Google покрај сета своја големина, професионалност и желба да се одели во посебен универзум и да купи се што има барем мала вредност или идеја и нормално што носи профит, исфрли на пазарот премногу неподготвен производ. Нормално Chrome e сеуште во бета фаза и веројатно за некое време ќе добиеме средена официјална верзија, но тоа е сосем друга приказна…

Ме изненади (па дури и вознемири) како луѓето толку брзо се "запалија" по овој нов прелистувач. 1% од пазарот за 24 часа, просто звучи неверојатно знаејќи дека повеќето луѓе по природа не сакаат промени и знаејќи колкава важност се придава на компјутерската безбедност деновиве. Семинари, предавања, книги, тренинзи, обуки и што уште не за како да се избегнат безбројните опасности кои се веќе наша секојдневна реалност. И сето тоа паѓа во вода кога големиот Google ќе ја искористи огромната доверба од своите корисници и ќе исфрли софтвер на кој за помалку од 10 часа ќе се објават првите експлоити и документирани багови. А сега пробајте склопете ја целата слика со сите оние дечки кои бараат дупки во новороденчетo на Google со цел пријатно да ги изненадат луѓето кои веруваат во големината на оваа компанија и од нив да си направат своја армија од виртуелни робови."

Дополнително на горенаведеното, навистина ми е зачудувачки фактот дека на развојот на овој веб прелистувач Google работеле повеќе од 2 години и како што се изјаснија на официјалната прес конференција, Chrome претставувал "огромна" инвестиција за компанијата. Две години!? А беше објавена само верзија за Windows полна со багови, додека верзиите за Linux и Mac беа само најавени, што значи корисниците на овие оперативни системи треба дотогаш само да ги слушаат коментарите за Chrome од Windows корисниците на кои дури и "семоќниот" Google мораше да им даде приоритет.

За крај, да не ја заборавам и (арогантната) изјава на Сергеј Брин за доминацијата на IE на пазарот со 80 и нешто проценти, демек тоа не било фер и убаво за корисниците… а кој тоа ја има доминацијата со над 70% на пазарот на интернет пребарувачи?

Колку за информација, во моментот на пишување на овој текст, пенетрацијата на Chrome беше 0.91% процент.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments