0 коментари 2 мин. читање

Facebook се откажува од стариот дизајн

{mosimage}По неколку месеци тестирање и можност за прилагодување на новиот дизајн на Facebook, компанијата се реши конечно да ги префрли сите корисници на новата платформа и да го оневозможи користењето на старата, која е сеуште популарна кај поголем број на членови. Само околу 30 милиони корисници (сајтот пред само една недела ја достигна бројката од над 100 милиони корисници) моментално го користат новиот дизајн.

Во блогот наменет за девелопери на Facebook беше најавено и дека наскоро новата платформа ќе добие мали подобрувања и нови функционалности, но ништо не беше подетално образложено.

Беше објавено и дека процесот на миграција на сите корисници би требало да започне од следната недела со тоа што ќе биде укината можноста за избирање на која верзија на сајтот членот може да ја користи.

Потегов беше и повеќе од очекуван, но засега новата платформа
е "непопуларна" кај дури 70% од корисниците кои ја карактеризираат како комплексна и многу поразлична од
претходната која има многу поедноставен дизајн. Дури и на самиот сајт постои петиција во вид на група насловена "Го мразам новиот Facebook (www.new.facebook.com)" која до моментот на пишување на овој текст има над 215,000 членови.

Спротивно на овие реакции, од компанијата пак тврдат дека новата верзија е подобра и поедноставна за користење, а меѓудругото тврдењето го поткрепуваат со фактот дека апликациите кои се од голема важност за друштвената мрежа подобро и побрзо работат на новата платформа а притоа овозможуваат и подобро корисничко искуство општо на целиот сајт.

{mosimage}

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top