Во ситуации кога немате време да читате огромни статии на интернет сајтови и сакате да го извлечете само најважното од нив, побарајте помош од сајтот ExplainToMe. Сè што треба да направите е да го копирате линкот на сајтот на кој се наоѓа долгиот текст, да го префрлите URL линкот на ExplainToMe и да прецизирате во колку реченици да ви биде сервирана суштината од текстот.
На кој начин работи сево ова? Основачите на сајтот објаснуваат дека се работи за алатка која користи TextRank – модел за процесирање текст и сумирање текстови.
„TextRank се потпира на семантичките односи помеѓу зборовите и фразите за да ја истакне важноста на одредена реченица во документ.“, објаснуваат на сајтот и додаваат дека „Методологијата е слична на начинот на кој пребарувачките енџини прикажуваат релевантни веб страни според барањето на корисникот“.
Од нашите кратки тестирања можевме да заклучиме дека ExplainToMe е солидно решение доколку немате време да се давите низ линии од текст само за да заклучите дека одредена статија не е за вас.
Пример како ExplainToMe ја сумира нашата рецензија на No Man’s Sky.

Постоеа ситуации кога извлечената суштина е од сомнителен квалитет, особено за некои подолги статии, но ние сакаме да мислиме дека ExplainToMe не сака да биде премногу добар и да ве разгали. :)
Линк до сајтот.







