0 коментари 1 мин. читање 6 јуни, 2022

Обединете ги сите книги со The Library

The Library e интересна апликација која е замислена да ви помогне при читањето на вашите омилени книги.

Секоја книга што ја читате или планирате да ја читате ја вметнувате во апликацијата The Library преку посебни урнеци, од кои подоцна се нудат кратки информации за книгата, првенствено извлечени од сајтови како Goodreads, Readwise, Shortform.

Паралелно со ова, можете да истакнувате и сочувувате најразлични цитати и забелешки за книгите што ги читате, да си поставувате месечни и годишни цели, и многу повеќе!

The Library се одликува и со мрачен режим и иако нѝ се допаѓа ваквиот начин на организација, сепак сметаме дека цената од 6 долари е премногу висока за да ги оправда работите кои можат да се најдат тука, особено кога ќе се земат во предвид значително покомплексните алтернативи, како Hardcover, или Bookly.

Повеќе информации за апликацијата можете да најдете тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}