0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2022

Подобар фокус при читањето со Glide Focus Pointer

За некои читатели, тешко се одржува фокусот кога подеднакво се прикажуваат сите елементи од екранот, како и целата страна од она што моментно го читаме. Токму поради тоа, таквите читатели би можеле побрзо и поефикасно да читаат и помнат со затемнување на сите непотребни елементи или со затемнување на делови од страната која се чита.

Glide Focus Pointer е една таква апликација, за корисниците на направи кои имаат macOS. Преку затемнување на одредени делови од екранот, доаѓате до попријатно искуство каде фокусот е само на она што моментно го читате. Апликацијата ви дозволува да затемните се освен избраниот прозорец. Но, доколку сакате, може да биде затемнето се освен една хоризонтална линија, која се поместува како ја движите стрелката низ екранот. Glide Focus Pointer ќе ви дозволи и да ја затемните целата област која се наоѓа под стрелката и таквото затемнување да стапува на сила секој пат кога ја придвижувате стрелката.

Независно од избраната опција, лесно можете да ја прилагодувате и транспаретноста односно степенот на затемнувањето, како и бојата на областите за истакнување. Glide Focus Pointer се покренува со вашиот систем и лесно можете да го активирате ваквото фокусирано читање и преку кратенки од тастатурата.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top