0 коментари 2 мин. читање 12 април, 2012

Студенти од ФИНКИ креираа едукативна Facebook апликација за натпревар на Светска Банка

Тим од четири студенти од ФИНКИ, Драган Атанасов, Ева Томовска, Владимир Вета и Никола Мијановиќ креираа апликација со која учестуваат на натпревар организиран од Светска Банка. Натпреварот има за цел да ја зголеми свеста за глобалните проблеми.

Нивната апликација Climatico е едноставна игра, поточно Facebook квиз преку кој играчите учат факти поврзани со екологијата, здравата исхрана, енергијата и економијата. За секој точен одговор се добиваат картички кои се со факти од отворената дата база на Светска Банка.

„Учењето со помош на игра е широко прифатено како метод во едукацијата и е важен дел од интерактивниот едукативен процес. Facebook е најголемaта друштвена мрежа во светот и ние го користиме како алатка за ширење на Climatico за да ја подигнеме свеста на луѓето за климатските промени.“, вели Драган Атанасов. „Задоволни сме од одѕивот на играчите. Climatico е на Facebook неполн месец и веќе ја имаат инсталирано над 300 корисници. Од кои во просек 180 ја играат на неделно ниво.“

Сите информации во врска со климатските промени се земени од Базата на податоци на Светска Банка што беше и еден од условите за учество во натпреварот. Лани на овој натпревар учествуваше тим од ФОН универзитетот со својата WORLD апликација.

[youtube]-odc7adat-8[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top