Microsoft ги најави верзиите на Windows 8

во Софтвер

Microsoft на својот Windows блог ги најави сите верзии на „осумката“ кои ќе бидат ставени на продажба, заедно со детали за што се ќе содржат и како ќе се разликуваат петте верзии на новиот оперативен систем.

Microsoft најави две едиции за Intel-компатибилни процесори (32 и 64-битни), Windows 8 за повеќето корисници и Windows 8 Pro за професионалци и бизниси; една верзија за ARM процесорите, Windows RT; бизнис едиција Windows 8 Enterprise; и верзии на одредени јазици, пример кинескиот, кои се посветени само за тие пазари.

Сите верзии ќе имаат пристап до Windows Store продавницата за апликации и Internet Explorer 10.

Најинтересна од сите е ARM верзијата ќе работи на енергетски-поефикасни чипови на помали уреди (читај: таблет компјутери). Дополнително, овој Windows RT ќе доаѓа преинсталиран Office пакет кој ќе биде оптимизиран да се користи со допир.

Деталите за разликата што ќе биде вклучено во Windows 8 и Windows 8 Pro кои се декстоп верзиите ќе може да ги видите на блогот на Microsoft. Во суштина Windows 8 Pro содржи се што може да се има во Windows освен Office кој за декстоп верзиите мора да се купи посебно.

Цената на Windows 8 сè уште не е објавена.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments