Portal 2 е халуцинации!
Пред недела дена излезе второто продолжение Portal, интересна логична игра во прво лице со телепортирање меѓу портали која ги собра сите „10-тки“ од куп разни гејминг сајтови. Играта се состои од патување преку портали, често во движење, пример додека се паѓа, кои водат до нивоа каде се решаваат логичките проблеми за да се продолжи битката против GlaDOSS компјутерот.