0 коментари 1 мин. читање

Листа на напорни Firefox додатоци

„Во просек, секој инсталиран додаток додава околу 10% од времето на стартување на Firefox.“, вели Џастин Скот, продукт менаџер за додатоци во Mozilla. „За некои корисници ова се милисекунди, за други можеби и пола секунда; се зависи од хардверот и софтверот.“

Затоа Mozilla ја претставува оваа листа на 100-те најспори додатоци која ќе биде надградувана секоја недела, а ќе се скенираат и најновите верзии на сите додатоци во галеријата за Firefox.

Советот за корисниците е да ги изгасат додатоците, или знаејќи го еко-системот со бројните додатоци за Firefox сигурно има и некоја алтернатива на најспорите додатоци. За развивачите на апликации, советот е да се следи овој водич.

(via Даниел Брзанов)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top