Google претстави API конзола
Google API конзолата е место за развивачите да го менаџираат АPI користењето на сите апликации и веб сајтови. Доколку се работу со тим, има и можност за менаџирање на групни проекти.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Совети. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Google API конзолата е место за развивачите да го менаџираат АPI користењето на сите апликации и веб сајтови. Доколку се работу со тим, има и можност за менаџирање на групни проекти.
Компанија од Калифорнија, Interorbital Systems, продава опрема за правење на сопствен сателит за 8.000 долари. TubeSat опремата за личен сателит содржи основни компоненти за креирање сателит, батерии, соларни ќелии, ресивери, микрокопјутери, електронски компоненти, нацрти... и место да си вметнете дополнителна персонализирана опрема зависно од експериментот кој сакате да го направите. Секој пакет содржи и гаранција за лансирање во орбитата на Земјата од ракетата на Interorbital. Нивната ракета ќе лансира 32 TubeSats сателити, а првите лансирања се закажани за март 2011 година.
Google го претстави Place Search, oдносно пребарување кое ги организира информациите преку локации. Пример, ако пребарувате хотели во Скопје, Places ќе ви прикаже листа од локални хотели со локација заедно со дополнителни информации (како телефон, адреса, сајт, други детали...), наместо да ви ги прикажува вообичаените резултати со дел од локацијата и линкови до сајтови.
Прочитавме дека Google Instant ќе биде овозможен за Chrome и бидејќи не сакавме да чекаме и бидејќи го сакаме Firefox го направивме InstantFirefox додатокот, вели Коби Меначеми.
Иако од една страна се одлични друштвени алатки, сепак од друга новите групи на друштвената мрежа си имаат свои проблеми. Покрај додавање луѓе без нивна согласност, групниот чет може да биде проблем бидејќи можеби не сте расположени за разговор и да читате другите што пишуваат.
Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.
App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.
Android WiFi Manager е нова бесплатна алатка со која безжично го синхронизирате вашиот Android телефон и вашиот компјутер, пренесувајќи ги контактите, сликите, пораките, видеата, музиката и апликациите. За да ја користите синхронизацијата PC-то и телефонот мора да бидат на иста WiFi мрежа.
Facebook се информира за секоја ваша посета на еден од милионите сајтови кои користат Facebook Connect и има историја да предава лични податоци на трети странки, вели инжинерот на Google, Брајан Кениш.
Google објави можност за лесно додавање на слики и диаграми во веб базираниот Google Docs. Сега можете да додавате слики со повлечи-и-спушти функција, наспроти досегашните закачувања преку хард диск, URL или преку Google Image Search.
(ова е текст на Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис, која е креатор на Ping.mk. Текстов првично беше објавен на razvigor.blogspot.com)
FluffyApp (Windows верзија на CloudApp за Mac) е апликација со која можете да закачувате слики, URL, фајлови на Интернет, во облакот. При инсталирање FluffyApp се појавува мало облаче во system tray (кај часовникот, долу десно) во кое можете да додавате нешта само со повлечи-и-спушти. Интересно е што можете едноставно да грабнете URL или слика и да ги вметнете во облачето и тие ќе бидат закачени во вашиот „онлајн фолдер“.
Facebook стартуваше опција за привремена лозинка која трае само 20-тина минути со цел да им овозможи на корисниците побезбеден начин да се логираат од било кој компјутер.
И македонскиот скратувач на линкови 0.мк си доби своја опција за QR код, односно по секој скратен линк со додадавање на наставката ?qr ви се генерира QR код. Пример, http://0.mk/cc25?qr .
Скратувачот на линкови Bit.ly додаде опција да може скратен линк да се претвори во QR код само додавајќи .qr на крај на линкот. Пример, http://bit.ly/1ueAof.qr .
<Надополнето 15.11.10> Oд 31 ноември Nimbuzz веќе не поддржува Skype. Повеќе детали во блог постот на Nimbuzz. </надополнување> Пред некој ден Skype објави своја Android верзија, но наиде на проблеми кај некои корисници и не беше баш најсјајна според функционалноста. Затоа Томи Јовановски предложи:
Sparrow бета е нов, минималистички декстоп имејл клиент за Mac. Левиот дел од интерфејсот на Sparrow каде што се излистани имејловите наликува на Twitter т.е делот каде се излистани твитовите, или во случај на Sparrow каде се излистани субјектот, кој го пратил, време и краток почеток од мејлот. Десниот простор е наменет за содржината на мејлот. Sparrow вметнува и мал индикатор во горниот тулбар кој ве информира во случај на нов мејл.
Проблемот со Facebook четот е што го користиме за да разговараме со неколку пријатели, но не и со сите онлајн пријатели. Затоа постои опција за да се филтрира четот и да се остават само луѓето со кои си муабетите.
Google го отвори за корисниците својот скратувач за линкови - goo.gl. Сервисот кој беше претставен скоро пред една година се искористи за интегрирање во сервисите на Google како News, Maps, Blogger... тоа и му беше замислената функција на сервисот.
Весплатните Windows Live Еssentials 2011 алатките сега се достапни за симнување. Пакетот алатки содржи неколку веб базирани алатки Live Messenger, Photo Gallery, Movie Maker, Bing бар, Outlook Connector Pack и Silverlight, како и интересни сервиси како Family Safety (за менаџирање на дозволи за користење на компјутерот), Live Mesh (синхронизирање на фајлови преку облакот со компјутерот добивајќи пристап од секаде) и Live Writer (упдејтирање блогови од Wordpress и Blogger).