Блогоманија – регионална конференција наменета за сите блогери од регионот ќе се одржи од 7 до 9 декември во хотелот „Falkensteiner – Стара планина“, Србија. На конференцијата ќе се соберат најпопуларните и помалку-популарните блогери од балканскиот регион, а целта на конференцијата е да ги спои регионалните блогери, да воспостави комуникација помеѓу блогерите и компаниите, и слично.
Програмата на Блогоманија е сè уште во изработка, па посетителите ќе може да предложат теми за предавање и да учествуваат во дефинирањето на овогодинешната Блогоманија. Исто така, можете и самите да се пријавите за предавач на одредена тема.
Во конференцијата која ќа трае 3 дена ќе бидат вклучени панел дискусии, предавања и работилници. Ќе се зборува за состојбата на блогосферата, перспективата на блоговите и останатите теми поврзани со истите. Блогери и блогерки од сите бранши се добредојдени и сигурно ќе им бидат од помош некои совети од постарите и поискусните.
Исто така, преку работилниците сите посетители ќе може да се запознаат со процесот на создавање и одржување на блог, совети за како да пишуваат и слично. Повеќе информации, како и детали за сместување можете да пронајдете на официјалниот сајт.







