0 коментари 1 мин. читање 6 ноември, 2012

Апликација на денот: Организирајте си ги обврските со Any.DO

Any.DO е апликација што освен за Android и iOS, е достапна и како екстензија за Chrome, а покрај останатото нуди и можност за синрхонизирање на задачите помеѓу сите уреди што ги користите.

Доколку ја инсталирате Chrome екстензијата, таа ќе ви овозможи да додавате задачи во Any.DO директно преку вашиот Gmail. Од опциите кои ви се понудени, можете да изберете кога да биде додадена одредена содржина. Исто така, додека пребарувате на веб, во менито на десниот клик ќе ви биде додадено „Add To Any.DO“, така што во било кое време можете да бележите и некоја веб содржина.

Со помош на апликацијата за најкористените оперативни системи на кои работат паметните телефони, ќе можете секогаш да бидете во тек со вашите обврски, добро да си го организирате време и да ја зголемите вашата продуктивност.

Исто така, Any.DO е достапна и преку веб на http://www.any.do/.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top