Најпопуларната криптовалуита во моментов искачува нови височини. Bitcoin ја надмина границата од 15.000 долари, и барем засега не изгледа дека ќе запре. Иако добар дел и од ентузијастите погласно предупредуваат дека балонот би можел да пукне.
Крипто валутата порасна од 14.000 на 15.000 за помаку од 10 часа.
Аналитичарот на CNBC Џим Крејмер иако е оптимист, предупредува:
„Не би ги обвинувал другите за биткоин еуфоријата, но ова би можело да заврши навистина лошо“, додавајќи: „Не зборувам за тоа кога ќе заврши забавата, бидејќи можеби ќе оди до Марс, можеби до Јупитер“.

Проценките се дека денес пред да затвори берзата Bitcoin би можел да достигне и до 16.196 долари.
На почетотокот на годината 1 биткоин чинеше околи 800 долари. Од јануари криптовалутата порасна за 1.800%, а најголемиот дел од растот е по септември, кога крипто-валутата чинеше 3.500 долари.







