И Lyft започнува со тестови на автономни возила

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

По Google, Uber, Honda, Nissan и куп други компании и стартапи, последната компанија која започнува да тестира автономни возила е Lyft.

Стартапот првите тестови ги започнува во Бостон во соработка со nuTonomy. Секако, законот сè уште ги обврзува компаниите да имаат возач кој ќе може да ја преземе контролата. Поради ова и возилата на Lyft ќе имаат присутен возач кој ќе може да преземе контрола врз возилото.

Сервисот е сличен со оној кој го нудеше Uber во Питсбург. Секој кој ќе се јави да повика превоз ќе може по случаен избор може да му биде доделено автономно возило.

Целта е поделена во два дела. Првата да се зголеми довербата кај граѓаните, но и да им се претстави новото искуство. Инжинерите на nuTonomy секако ќе можат да го подобрат системот, врз база на податоците од возењата. Досега тестовите на компанијата во САД се ограничени на изолиран простор, вели nuTonomy.

Image courtesy of nuTonomy

За возачите ова ќе биде едно поинакво искуство, кое можеби ќе им покаже колку е далеку технологијата и со која динамика треба да се подготвуваат за нова работа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments