За време на промотивниот период играчите ќе можат бесплатно да си се почестат со World in Conflict и Assassin’s Creed IV Black Flag.
Во пресрет на новогодишното расположение, француското студио Ubisoft слави две големи годишнини. Верувале-или-не, поминаа цели десет години од критички-признатиот стратешки хит, World in Conflict. До 11.декември, сите корисници со uplay акаунт ќе можат бесплатно да ја преземат не само основната игра туку и последователната експанзија, насловена Soviet Assault.
Веднаш по ова, следи одбележувањето на десет години по излегување на првата Assassin’s Creed игра. Од 12.декември до 18.декември, играчите ќе можат бесплатно да ја преземат и играат една од најдобрите игри од серијалот. Assassin’s Creed IV Black Flag се испорачува во основна форма, но е одличен пример за достигнување на точка на совршеност во AC серијалот и најстрого се препорачува на сите оние кои се по пиратскиот живот.
[…] дури во 2019 или 2020 година. Во меѓувреме, студиото подарува 2 игри од нивниот […]