Microsoft претстави нов голем редизајн на својот пребарувач Bing, во обид да привлече повеќе корисници и да се спротистави на доминацијата нa Google.
Новиот Bing сега има три колони. Во првата се прикажуваат стандардните резултати од пребарувањето. Или како што вели Bing, „во оваа колона ви ги прикажуваме резултатите кои ги очекувате“. Втората е нова колона која има резултати од разни други сервиси како Yelp, а третата колона е „друштвена“, односно има персонализирани резултати извлечени од Facebook, Twitter, Quora и Foursquare.

Bing можеби малку ќе им значи на македонските корисници бидејќи 96 отсто пребаруваат преку Google, но Bing е малку поголем во западните земји и може полека да стане конкурентен.








Сега гоогле во рок од 1 недела ќе го копира ова.