ДЗЛП ќе брише лажни профили на Facebook кои повикуваат на насилни протести

во ИТ.МК

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) најави дека ќе бара од Facebook да се избришат лажните профили на мрежата кои шират говор на омраза и верска нетрпеливост, и повикуваат на протести и насилство. Оваа реакција на ДЗЛП доаѓа по најавените протести на муслиманските верници против апсењето на осомничените, претставени како радикални исламисти, за петтократното убиство во скопско Смилковци.

ДЗЛП побара од корисниците да се однесуваат соодветно на друштвените мрежи.

„ДЗЛП презема дејствија и активности за отстранување на профилите и групите кои се лажно креирани, при што откривањето на адресите, откривањето на другите податоци поврзани со сопствениците или креаторите на таквите профили или групи е работа на која што се одговара позитивно кога има соодветно процесуирано барање од одредени авторитети како што се државните органи.“

Говорот на омраза и повикување на насилство е секојдневна појава на друштвените мрежи, но дали ДЗЛП има право да спречи организирање на протести на друштвените мрежи?

Протестите се право на граѓаните, и обид да се спречи нивно организирање е малку претерана реакција. Но, веќе видовме вакви претерани реакции, бришење на групи на Facebook преку кои се организираат протести не се нешто ново во Македонија. Лани беа бришани групите за протести против полициска бруталност по барање на МВР, кои сигурно стојат зад дирекцијата и ова соопштение, Но тогаш тоа беа мирни протести, додека овие најавени се поврзани со верската омраза и тензијата, неоткоренета од Македонија, која лесно може да ескалира во насилство.

Во секој случај, неопходно беше ДЗЛП да излезе со едно вакво опоменување кон сите корисници, македонци, албанци… сите! и да ја спречи омразата на Facebook. Кога ли само ќе им текне да го направат истото и на YouTube каде има видеа со насилство и повици за геноцид?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Анон
Анон
12 years ago

Македонци, Албанци (не македонци, албанци).

psy
psy
12 years ago

street hoop – three point basket :)))))))))))

trackback

[…] протести http://it.com.mk/dzlp-k-e-brishe-laz…ilni-protesti/ […]